Џенет Џексон на 49 години за првпат ќе стане мајка

janet-jackson

Пејачката Џенет Џексон, која на 16 – ти мај ќе го прослави 50-от роденден наскоро ќе стане мајка.

Најмалата сестра на Мајкл Џексон, минатиот месец ги зачуди обожавателите со прекинот на својата светска турнеја. Тогаш таа изјави дека со нејзиниот сопруг Висам Ал Мана го планираат нивното семејство.

Порталот E! News повикувајќи се на неименуван извор информира дека поп-ѕвездата е бремена во 4-5 месец и некое време посетувала и специјалист. Природно забременување се среќава поретко кај жените од 40-те години, но вештачкото оплодување овозможува да се прошири возраста.

Janet-Jackson-WissamИнаку, Џенет веќе четири години е во брак со четириесет и едногодишниот, милионер Висам ал Мана со потекло од Катар. Висам со двајцата браќа е сопственик на големиот конгломерат „Ал Мана Груп“ кој заработува милиони. На Џенет ова и’ е трет брак.

На почетокот на април двојката објави дека планира семејство, а само еден месец подоцна објавија дека чекаат дете. Поради бременоста на оваа возраст, пејачката ќе мора да мирува наредните месеци, поради што ги откажа сите настапаи аи им порача на обожавателите да бидат стрпливи и да се радуваат заедно со неа за нејзината нова животна фаза.

Би те интересирало и

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...

„Netflix“ вложува 8 милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека планира да инвестира осум милијарди долари за производство на сопствени содржини и ...