Џеј Зи говори за тоа што значи да се биде добар рапер – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Џеј Зи говори за тоа што значи да се биде добар рапер

За да се биде добар рапер, потребни се добар глас и течна мисла, изјави познатиот хип-хоп изведувач Џеј Зи во најновото интервју во шоуто на Дејвид Летерман на Нетфликс.

– Ако имаш добар глас, може да рецитираш што било. Снуп Дог, да речеме има одличен глас, па и да израпува само „еден-два-три, се до четири“, јас би бил воодушевен, смета Зи. Раперот го пофали и Еминем.

– Неговите каденца и синкопа (видови музички ритми), го прават Слим Шејди еден од најдобрите во хип-хопот, нагласува тој натаму.

– Кога ќе навлезеш во музиката, стануваш дел од неа. Па така, имаш многу начини да бидеш добар во тоа, заклучува раперот.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Само еден миг е потребен за да ја изгубиш самодовербата

За жал, чувствувам дека сме отидени до таму што довербата ништо не ни значи и ...

Се’ за храна: Смути со јагоди и банана

Супер појадок или вкусна ужина послужена во чаша! Пробајте нашиот нов рецепт за подготовка на ...