Џеј Зи и Бијонсе и официјално – милијардери

Брачната двојка Џеј Зи и Бијонсе заедно имаат повеќе од милијарда долари – пишува „Форбс“. Угледното списание проценува дека раперот Џеј Зи има 810 милиони долари, а пејачката Бијонсе 350 милиони долари.

Поголемиот дел од богатството на Џеј Зи е од неговата компанија „Рок нејшн“. Двајцата имаат значајно учество во стриминг сервисот Тајдал.

Џеј Зи со компанијата „Лајв нејшн“ како партнер за концерти го потпиша десеготишниот договор, кој според наводите на Варајети вреди 200 милиони долари.

Брачната двојка има петгодишна ќерка Блу Ајви, а Бијонсе е бремена и чека близнаци.

Додади коментар

Би те интересирало и

Амал Клуни блеска по породувањето

Три месеци по породувањето, славната адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни, Амал Клуни веќе им ...

Маноло Бланик застана во одбрана на Меланија Трамп

  Првата дама на САД, Меланија Трамп неодамна предизвика лавина од негативни коментари поради за ...

Close