Џим Кери ќе одговара поради смртта на неговата поранешна девојка

Мајката на шминкерката Кетриона Вајт, поранешна девојка на холивудскиот актер Џим Кери (55), која во 2015 година се предозира со лекови против болки, го смета актерот одговорен за смртта на својата ќерка.

Мајката на Кетриона поднесе тужба против актерот, бидејќи тврди дека Џим ѝ ги набавувал лековите на нејзината ќерка.

Судијката одлучила дека Џим треба да се соочи со обвинението за смртта на девојката така што поротата ќе има можност да ги слушне медицинските докази во кои стои дека ја заразил со три полови болести.

– Го искористил својот статус и ѝ набавил лекови без рецепти – рекла мајката на трагично починатата Кетриона.

Кетриона беше пронајдена мртва во нејзиниот стан откако земала преголема доза лекови. Со Џим Кери раскинала една недела пред да се самоубие.

Би те интересирало и

ЕП: 10 евра за влез во ЕУ за граѓаните со безвизен режим од 2020 година

Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент денеска го усвои предлогот на Европската комисија за ...

Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност ...