Џоди Витакер – прва актерка која ќе ја толкува главната улога во „Доктор Ху“

Британската актерка, Џоди Витакер е новата ѕвезда на научно-фантастичната серија „Доктор Ху”, а воедно и првата жена која ќе го толкува главниот лик, што изминативе шест децении го глумеа 12-мина нејзини машки колеги.

Витакер, која е најпозната по детекивската драма „Бродчерч”, ќе го замени шкотскиот глумец Питер Капалди, јави Би-Би-Си. Со тоа, таа ќе биде 13-та актерка во улогата на докторот што патува во временска машина во облик на стара британска телефонска говорница.

Серијата оригинално беше прикажувана од 1963 до 1989 година, а од 2005 беа снимени и нови продолженија.

Главниот лик, познат само како Доктор, може да патува низ просторот и времето, но и да го менува своето тело.

Би те интересирало и

Ченинг Тејтум ја раскина соработката со Вајнстин

Ченинг Тејтум ги прекинува своите бизнис односи со продукциската компанија „Вајнстин Ко.“ и со Харви ...

Полицијата во британски Глостшир им го забранува уличниот фудбал на децата

Полицијата во британскиот округ Глостшир ги повика граѓаните да пријават доколку забележат деца како играат ...