Џоли со насолзени очи проговори за Пит: Секогаш ќе бидеме семејство

Актерката Анџелина Џоли прв пат проговори за разводот со Бред Пит и како тоа влијаело врз сите нив.


– Не сакам многу да зборувам за тоа. Ќе кажам само дека тоа беше многу тежок период. Ние сме семејство и секогаш ќе бидеме семејство. Многу луѓе се нашле во таква ситуација. Целото мое семејство помина низ тоа. Фокусирана сум на моите деца, на нашите деца. Ние сме и секогаш ќе бидеме семејство и тоа е единствениот начин да го поднесам тоа. Се обидувам сето ова да не направи посилни и поблиски – изјавила Џоли во интервју за Би-би-си Ворлд Нуз.

Анџелина Џоли во моментов е во Камбоџа каде премиерно го прикажува нејзиниот филм „Прво го убија татко ми“.

Запрашана пак каде се гледа себе си за пет години, Џоли одговорила:

– Би сакала да патувам секаде низ светот и да ги посетувам моите деца. Се надевам дека ќе бидат среќни и дека ќе се занимаваат со интересни работи. Замислувам дека ќе бидат во различни делови од светот и дека ќе им пружам поддршка. Се што правам, правам за на своите деца да им го претставам светот. Не низ призмата на Холивуд или некој таков начин на живот, туку да ги однесам во светот во кој ќе имаат здрав разум и ќе станат заокружени личности.

Преземено од Слободен Печат

Додади коментар

Би те интересирало и

Љубовта го поттикнува развојот на мозокот

Грижата, која мајката по породувањето ја покажува кон своето новороденче го стимулира и јакне развојот ...

Цукерберг си зема двомесечен одмор за раѓањето на неговата втора ќерка

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, си зеде двомесечен одмор за раѓањето на својата ...

Close