Џордан: Многу сум возбуден што ќе играм за Македонија

Американецот доби македонски пасош и ќе биде во дресот на „црвено-жолтите“ во квалификациите за Светско првенство.

Џордан Теодор ги одбројува последните денови пред да дојде во Македонија и да се запознае со репрезентацијата чии бои ќе ги брани. Американецот кој настапува во турски Банвит, неодамна прифати да го облече дресот на „црвено-жолтите“, па сега се чека неговото прво доаѓање.

Македонија се подготвува за претквалификациите за пласман на Светското првенство. Прoтивници се селекциите на Косово и Естонија. Теодор преку својот Инстаграм профил најави дека е возбуден за доаѓањето во Македонија.

„Последните три дена дома и потоа заминувам за Македонија, да се подготвувам за квалификациите за СП. Многу сум возбуден што го превземам овој нов чеков во кариерата и што ќе ја претставувам Македонија ова лето и во годините кои доаѓаат“, напиша Џордан Теодор.

Македонската репрезентација веќе неколку дена е на подготовки. Претквалификациите ќе се играат во период од 2 август до 19 август.

Превземено од: СпортМедиа

Би те интересирало и

НБА: Хјустон го сруши Голден Стејт

Новата сезона во НБА лигата започна со победата на Кливленд над Бостон во дербито на ...

Двајца македонски тренери во „војна“ за функцијата селектор на Романија!

Кошаркарската репрезентација на Романија летово, по пауза од дури 50 години, настапи на Европското првенство ...