10 кралски правила кои дури ни кралицата не смее да ги прекрши

Никој не е имун на закони, па така и кралските семејства. Да бидеме попрецизни, законите кои важат за нив се толку прецизни, што на моменти се и банални и делуваат бесцелно.

Ова се само дел од правилата кои дури ни кралицата не смее да ги прекрши:

1. Мора да чуваат минимум 6 гаврани во Лондонската палата.

Легендата вели дека ако гавраните ја напуштат палатата, кралството ќе се распадне. Па, до ден денес, тие се грижат за минимумот на потребни гаврани, 6 на број.

2. Не смее да ги допираат „обични“ луѓе.

Ова правилно е често прекршувано, и тоа од страна на ѕвездите. Луѓето и послугата на кралското семејство не смее да ги допрат, меѓутоа кога се сликаат со славни лица, контактот е неизбежен.

3. Не смеат да гласаат.

4. Исто така, не смее да бидат членови на политичка партија.

5. Не смеат да играат монопол.

6. Не смеат да јадат школки.

Ова е повеќе правило за претпазливост, отколку строг закон. Некои кралски членови, вклучувајќи ја и кралицата, одбираат да не јадат школки заради големиот ризик од алергии и труење. Но, други кралски припадници, како принцот Чарлс, со задоволство би каснал острига.

7. Редоследот на седење за било која свеченост мора да биде ист.

8. Нивната облека не смее да праќа двосмислени пораки.

Кралските припадници се очекува да бидат лидери во сè, па така и во модата. Забрането им е носење облека со скриени пораки, односно од нив се очекува да бидат модерни, но сепак традиционални.

9. Мора да ги прифатат сите подароци, со благодарност и насмевка.

Па, потоа кралицата решава што ќе се случи со нив.

 

10. Никој не смее да јаде откако кралицата ќе се најде.

Искрено се надеваме дека ова важи само за официјалните вечери, а не и приватните. Правилото е: кога кралицата јаде – сите јадат. Кога таа ќе престане – сите престануваат.

Извор: ЦрноБело

 

Би те интересирало и

Баба од Јапонија на 89 години станала махер за фотошоп (галерија)

Повеќето луѓе мислат дека технологијата е за млади луѓе, но не и Кимико Нисимото. Таа ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...