10 теории на заговор за вселената

Вселената е последната, конечна граница. Дури и кога ќе успееме да научиме се` за Земјата, се уште ќе постојат вселенските мистерии, кои, секогаш се достојни за истражување.

Постојат ли интелигентни цивилизации надвор од сончевиот систем? Што навистина претставува црната точка?  Дали патеките на црвовите навистина ја кријат тајната на патувањата кои се побрзи дури и од светлината?

Одговорите на тие прашања не` чекаат во вселената. Сепак, некои веруваат дека група на моќни интелектуалци веќе ја поседуваат тајната на вселената, и внимателно ја чуваат од јавноста.

Мртов астронаут
Во текот на `60тите години, СССР и САД се натпреваруваа кој ќе биде светскиот лидер во истражувањето на вселената. Почетокот донесе голема предност за Советите: во 1957, го лансираа Спутник, првиот сателит создаден од човечки раце, а во 1961-вата, Јури Гагарин се запиша како првиот човек во вселената.

Но, не е баш така!

Според тврдењата на теоретичарите за заговор, браќата Judica-Cordiglia од Италија, Гагарин не бил прв. Имено, браќата поставиле радио станица со која ја прислушкувале врската помеѓу контролните кули на американските и советските сателити. Недели и недели пред успехот на Гагарин, тие наводно на врската успеале да фатат астронаут кој полека умирал. Секако, Советскиот сојуз ги негираше овие тврдења, но овие теоретичари сметаат дека смртта на овој астронаут е прикриена за да се задржи предноста пред американците. Правата вистина останува мистерија, иако оваа снимка е достапна на интернет.

Промена на половите
Некои дури и сметаат дека северниот и јужниот пол баш и не се од секогаш лоцирани на нивните моментални местоположби. Веруваат дека Земјата претходно се вртела по сосема поинаква оска. Други пак, сметаат дека Земјата отсекогаш се вртела по поларната оска, а она што се поместило, е нејзината кора. Се претпоставува дека Земјата наскоро ќе искуси уште една драматична промена на својата оска, а како резултат на сето тоа, би можеле да потонат цели континенти, а да настанат некои сосема нови.

Теоријата на промената на половите се актуелизираше откако некои теоретичари на заверата почнаа да се сомневаат дека одредени влади и научници ја знаат тајната, но не сакаат да ја пуштат во јавноста, за да ја избегнат паниката на народот.

 

luminati и Majestic 12
Тајните влади се`уште остануваат омилена тема на теориите на заговор. Според уфологот William L. Moore, Majestic 12 е име за тајната американска влада, основана од страна на американскиот претседател Хари Труман.

Нејзината цел била контролирање на влезот на вонземските вселенски бродови на Земјата.

Од друга страна, Iluminati претставуваат уште една тајна организација која се врзува за вселената. Постојат повеќе теории околу нивниот вистински идентитет, а најблиската тврди дека станува збор за потомци на човечката раса и вонземски влечуги.

Според оваа теорија, овие потомци се инфилтрирале во владите на најмоќните светски држави. Наводната цел на илуминатите се шири од светска доминација, до подготвување на светот за вонземска колонизација.

Розвел/област 51/луѓе во црно
Ниту една дискусија за вселенските теории на заговор не би била потполна без да се спомене Розвел, каде во 1947, еден локален фармер открил нешто за што се претпоставува дека претставувале отпадоци од вселенски брод.

Американската војска сето тоа јасно го негираше, тврдејќи дека всушност станува збор за остатоци од новиот експериментален еколошки балон. Теоретичарите на заговорот тврдат дека овие отпадоци војската ги оставила во тајната база во Невада, под името Област 51, каде се тестираат нови технологии и летала.

Постојат и приказни за аутопсии на мртви вонземјани. Исто така се наведува дека секој кој се обидел да истражи нешто повеќе околу овој случај, бил посетен од страна на мистериозни луѓе во црно, кои успевале ефективно да го убедат веќе да не се труди околу тоа.

Планета Х
Дали во нашиот систем се наоѓа една огромна непозната планета? Оваа теорија на заговор тврди дека Сончевиот систем е составен од 10 планети. Планетата е наводно со огромни димензии, и се наоѓа на орбита која наскоро ќе ја доближи до Земјата.

Заговорниците на оваа теорија ги наведуваат земјотресите и временските прилики како доказ за влијанието на оваа планета врз Земјата. Исто така тврдат дека владите ги присилуваат обсерваториите да ја задржат тајноста на постоењето на оваа планета, за да ја спречат општата паника.

Американскиот шпионски сателит 193
14 декември 2006. Американците лансираа ракета која го носеше сателитот УСА 193. Сателитот беше дел од NRO (National Reconnaissance Office) програмата, или со други зборови, неговата цел била – шпионирање.

Сателитот се соочуваше со проблеми околу опстанувањето во орбитата, па американската влада во почетокот на 2008 година објави дека ќе го сруши со помош на ракета. Но, зошто?

Владата тврдеше дека причината лежи во тоа што сателитот во својот погонски резервоар содржи хидразин кој е токсичен.

Теоретичарите на заговорот сметаат дека ова баш и не претставува комплетната вистина. Наводно, сателитот бил рушен за да не падне во сопственост на некои други земји, а другите претпоставки тврдат дека целата операција претставува одговор на рушењето на кинескиот сателит од страна на кинезите, само за да се покаже технолошка надмоќ.

Здружението рамна Земја
Во 1956, Samuel Shelton основаше здружение кое ја промовираше теоријата дека Земјата, всушност, е – рамна! Својата теорија, тој ја базираше на, според неговите зборови, здравиот разум и личните, самостојни, забележувања. Научните докази за тоа дека Земјата е тркалезна, за него се догма, а сликите на кои се гледаат планетите во вселената – лажни. Shelton почина во 1971, а здружението го превзема Charles Johnson. По неговата смрт во 2001, здружението се распадна.

Лицето на Марс
Во 1970-тите, НАСА лансираше две летала – Викинг 1 и Викинг 2, со кои требаше да се истражува Марс. Обете летала ја фотографираа неговата површина. На една фотографија се наоѓаше испакнатина, која потсеќаше на човечко лице.

Теоретичарот на заговори – Richard Hoagland отиде еден чекор понапред, тврдејќи дека не станува збор само за испакнатина која потсетува на лице, туку потсетува на човечко лице. Неговите тврдења беа дека Марс бил колонизиран од вонземска цивилизација, а лицето претставува доказ за нивниот град во регионот Cydonia.

Човекот на месечината беше само измама
Убедените во оваа теорија, тврдат дека САД тогаш воопшто ја немале потребната технологиј а за изведување на еден ваков потфат. Наводно, НАСА го лажирала слетувањето за да го оствари ветувањето на претседателот Џон Ф. Кенеди дека САД ќе пратат човек на месечината пред 1970 година. Доказите кои скептиците ги наведуваат се:

1. На снимката од слетувањето, не можат да се видат ѕвезди.
2. Самиот момент дека знамето се виори на површината на месечината.

Би те интересирало и

Божикно дрво погодено од гром, пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска „преживеа“ удар од гром, е поставено на ...

Калифорниец ќе полета кон небото за да „докаже“ дека Земјата е рамна

Жител на америкнската сојузна држава Калифорнија, кој верува дека Земјата е рамна, има намера самостојно ...