18 месеци притвор за осомничените за убиството на Закинтос – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

18 месеци притвор за осомничените за убиството на Закинтос

Истражниот судија за тројца Срби осомничени за убиството на американскиот турист на Закинтос, одредил 18 месеци притвор, а истото се очекува и за останатите учесници во инцидентот.

Неизвесно е кога ќе почне судењето, затоа што е потребна претходна истрага и собирање на докази.

Собирањето на докази не би требало да трае долго, бидејќи секој ден се појавуваат нови видео-записи од настанот, а истите се достапни на повеќе видео-платформи.

Официјалниот извештај е дека 22-годишникот починал поради ударите кои ги добил во главата, што предизвикало крварење во мозокот.

Би те интересирало и

По Солун, протест за името Македонија ќе има и во Атина

По масовниот протест во Солун во неделата, грчките организации и здруженија повторно ќе протестираат, но ...

Протест и контра протест во Солун за Македонија

„Македонија е Грција“ пишува на паното закачено од рано утрово над бината во центарот на ...