2016 година тетовци ја завршија со дишење чист воздух само 68 дена

tetovo-1

298 дена во 2016 година воздухот во Тетово беше загаден со недозволиви високи концентрации на PM10 честички кои негативо се одразија или ндопрва ќе се одразуваат врз здравјето на тетовчани.

Тетово и во 2016 година држеше неславен рекорд и беше прв на листата од градовите во Македонија според вкупниот број на денови кога вредноста на пм 10 честичките биле надминати.

Далеку зад Тетово е скопската општина Гази Баба со 177 денови со надмината концентрација. На дневна основа суспендираните честички прав на здравјето на граѓаните напаѓаа во концентрација која во лето беше за два пати поголема од дозволената а во зимските денови и до 5 пати повеќе. Инаку во тетовскиот регион имаше мерења кои покажуваа и до 16 пати повиски концентрации на пм 10 честички во амбиенталниот воздух.

Со подобрување на временските прилики не се подобруваше сликата со загаденоста на воздухот а со тоа не се зголемуваше ниту нивото на преземање на мерки за подобрување на состојбата. Сепак во октомври и ноември  2016 воздухот бил помалку загаден од истите месеци во 2015 година факт кој експертите го објаснуваат со подобри временски услови.

Како што објави Министерството за животна средина во месечните извештаи просечната концентрација на суспендираните честички прав за месец ноември изнесувале 88.75мг. на метар кубен додека во неомври 2015 истата изнесувала 173.59мг на метар кубен воздух.

Во зимските месеци јануари,февруари и во декември имаше помалку денови со магла што не “спаси” од ескалирање на состојбата со аерозагадувањето односно од формирање на отровниот градски смог. Деновите со ветер придонесоа колку толку да се намали нивото нa “лошиот” воздух.

И со затворањето на Југохром не се намали нивото на PM10 честичките .Дали тоа ниво на загаден воздух во Тетово ќе се намали останува да почекаме до решавање на горливите проблеми со депонијата, густиот сообраќај , рушење на дивоградбите и со воведување на централното греење во Тетово.

Но за ова ќе треба да почекаме најверојатно подолг временски период.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој тепал, а кој е тепан – Инцидент во Клиничката болница во Штип

Маж од Берово тврди дека за време на посета на свој роднина, бил нападнат од ...

Четиригодишно дете повредено во сообраќајна незгода во гостиварско

Четиригодишно дете е поврдено во сообраќајна незгода која вчера попладне се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок. ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger