23 работници затруени во Штип, ДСЗИ ја затвори мензата на фабриката

 

Вкупно 23 работници од фабрика во Штип попладнево биле пренесени во болницата во градот откако кај нив се појавиле тегоби по ручекот во фабриката и знаци на труење. Сите по укажаната помош биле испратени на домашно лекување, додека еден работник бил задржан за понатамошна опсервација. Веднаш по труењето на терен излегле инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат – пренесува порталот А1он.

„Затворивме две трпезарии каде што се јадело и мензата каде што се подготвувала храната која се носела во канистри. Државниот санитарен и здравствен инспекторат зеде брисеви и мустри од храната и од сите површини во трпезариите и мензата“, изјави директорката на ДСЗИ, Ирина Бухова за А1он.

Од ДСЗИ велат дека нема да коментираат која е причината за труењето се’ додека не се завршат сите испитувања.

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...