Скопјанка била силувана во продавница во Тетово: За силувачот определена мерка притвор – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Скопјанка била силувана во продавница во Тетово: За силувачот определена мерка притвор

Во продавница во Тетово на улицата Илинденска на 32 годишна скопјанка извршени и’ се два полови напади. Инцидентот се случил на 9 месецов околу 22 часот и 30 минути.

Осомничен за нападот е 31 годишен тетовец. Силуваната која била со престојувалиште во Тетово во полиција пријавила дека влегла во продавницата и од пријавениот побарала запалка, а тој веднаш ја заклучил влезната врата и заканувајќи и се со нож и скалпел, кои ги држел во рацете, најпрво ја удрил по главата, ја соборил на подот, ја влечел за косата, физички ја малтретирал, по што и ја соблекол облеката и во два наврати извршил полови дејствија.

Осомничениот се обидел да и ја одземе и чантата, во која имала извесна сума пари и други предмети, а потоа ја отклучил вратата низ која таа набрзина излегла, повикала такси-возило и се упатила во Полициската станица Тетово.

Екипи на Секторот за внатрешни работи Тетово за кусо време го лишиле од слобода осомничениот за полов напад. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, со соодветен поднесок изведен е пред судија на претходна постапка во Основиот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Би те интересирало и

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март, со нов судија

За 27 март е одложено судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување ...

Шестмина повредени во сообраќајни незгоди вчера во Скопје

Шест лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно осум сообраќајни незгоди регистрирани ...