58 позитивни и сомнителни случаи од вкупно 2315 прегледи биле регистрирани за неполна година со мамографот во Општа болница Кавадарци

58 позитивни и сомнителни случаи од вкупно 2315 прегледи од септември лани кога беше ставен во функција биле регистрирани со мамографот во Општа болница Кавадарци.

Од вкупно 1366 прегледи кои биле направени од 20 септември минатата година кога мамографот во Кавадарци за прв пат бил ставен во функција а 948 од почетокот на оваа година, досега, биле регистрирани 58 позитивни и сомнителни случаи, информираше директорот Орце Ангеловски. Сите вакви случаи се препратени на дополнителни испитувања и лекување.

Апаратот кој чини околу 7,5 милиони денари е наменет за жителите од Кавадарци и поширокиот регион а со негово ставање во функција,  е овозможено на околу триесетина илјади жени од регионот, да можат да добијат ваква здравствена услуга. Ракот на дојка е најчест дијагностициран рак кај жените, а по смртноста овој вид карцином е на прво место во светот и во Македонија. Минатата година во земјава се откриени околу 1.200 нови случаи на рак на дојка. Според бројот на смртни случаи од рак, нашата држава е на трето место во Европа.

 

Билјана Тошевски

Додади коментар

Би те интересирало и

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат повторно да отвори истрага за овој случај

Семејствата на киднапираните Македонци од 2001 година, бараат македонскиот правосуден систем повторно да отвори истрага ...

Мерките за реформи во правосудството најбројни во Планот 3-6-9

  Министерството за правда веќе има формирано Совет за следење на реформите во правосудството. Истовремено, ...

Close