7 начини како да преживееш ако изгуби твојата партија на изборите

izbori-bre

Избори. Не се крај на свет (освен ако не е гласањето дали сакате да е крај на свет па изгласате сите нуклеарки да ги удриме во исто време), но многумина го доживуваат така.

За жал изборите не се како оние во градинка каде што сите победуваат, им даваш по една диплома и ги пушташ дома. Сега се бира кој во наредните четири години ќе ти ја вади душата. А партиите сакаат да ти ја вадат душата. Многу. Како и да е, ти како партиски член мораш да преживееш вечерва. Па еве како да го направиш тоа ако твојата партија изгуби.

1. Смени ја партијата – Досега си бил член на Комунистичката партија (не лажи дека морало, не морало), на СДСМ, па ојде малку кај Тупурковски, па малку кај Ѕинго, па малку во ВМРО, па малку со Љубе… Не е срамота. Како што се вели мудрите го менуваат мислењето. А имаш и примери каде што вавки мудреци цел живот го поминаа како директори и амбасадори. Така да само извади ја маицата од другата партија и трк на плоштад со победниците.

2. Алкохолизам – Алкохолот не е некое решение ама сигурно со веганска салата нема да ти е полесно. Пиј додека не знаеш ни каде си, ни зошто си. Точно дека утре треба да се разбудиш пак во истата земја во која твојата партија изгубила, па и утре можеш да го повториш процесот. И така до наредните избори. Или ќе попушти народот па ќе ве гласа или ќе попушти џигерот па ќе ти е сеедно дали твојата партија е на власт или не…

3. Времето – Во вакви лоши времиња во здравството тоа е најдобар матичен лекар. Исклучи мобилен, интернет, струја и пикни се под маса и седи таму. Се разбира дека и таму ќе те најде некој гулаб да ти ја донесе пораката од пријатели од другата партија кои ти пишуваат „ХАХАХАХАХАХАХА“. Убиј го гулабот и направи чорба. Ако ништо друго барем нема да си гладен. Засега, а вероватно ќе си гладен наредните четири години.

4. Неоснован оптимизам – Теши се дека не е готово. Па шо? Има избори за четири години максимум. Може и за побрзо. Може овие ќе ги поништат па ќе победи твојата партија. Како и да е најди си лага во која ќе веруваш и терај со неа до другите избори. Не е лесно ама еднаш кога ќе се убедиш себеси ќе ја тргнеш бесилката од гредата.

5. Народот е крив – Не е крива вашата партија, криви се тие слепци шо не можат да видат колку ќе им беше добро да ве изгласаа. Ама ако, нека патат сега. Залужуваат да патат што не ве избрале! Затоа главата горе и не му се секирај. Еден ден ќе ве бараат сами да се вратите ама тогаш нема да може!

6. Ценење на индивидуалноста – Вашата партија освои 7 гласа, а дома сте 6 души? Тоа значи дека некој таму верува во твојата партија, а не е во крвно сродство со тебе! Тој еден глас нека ти биде искра во мракот, ѕвезда водилка, па ајде здравје на наредните избори со макотрпна поштена работа може и до 10 гласа да стигнеш

!7. Морална победа – Иако твојата партија не победи на изборите сепак вие сте морални победници! Зошто? Нема везе зошто, најди си некоја глупа причина. Да се гласаше само во твојот дом и да ја убедеше мајка ти да гласа за тебе ќе имаше четири петтини од гласовите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кога другарите ја мразат „Деспасито“

Додади коментар

Интер го отпушти Пиоли

Стефано Пиоли доби отказ на тренерската функција во Интер на три кола до крајот на ...

Close