8 држави го изгубија правото на глас во ОН – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

8 држави го изгубија правото на глас во ОН

Осум држави не можат да гласаат во Генералното собрание на Обединети нации поради долгови од неколку милиони долари кон Светската организација.

Либија, Венецуела, Централноафриканса Република, Доминиканска Република, Маршалски Острови, Суринам, Јемен и Екваторијална Гвинеја го изгубија правото на глас во ГС на ОН.

ГС на ОН одлучи Комори, Сомалија, Гвинеја Бисао, како и Сао Томе и Принципе да го задржат правото на глас и покрај тоа што имаат долг.

Венецуела и Либија третпат во последните три години не можат да гласаат поради долговите. Венецуела треба да плати најмалку 25.200.295 долари за да го врати правото на глас, додека Либија должи 6.594.842 долари.

Би те интересирало и

Бунт во бразилски затвор, чувари неколку часа држени во заложништво

Во затворот Милтон Диас Мореира во Рио де Жанеиро затвореници организираа бунт и земаа седум ...

Уапсен гувернерот на летонската централна банка

Гувернерот на летонската централна банка, Илмар Римшевич, беше уапсен денеска од страна на антикорупциската агенција, соопштија ...