828 луѓе во неделата се искачија на Титов врв

Во неделата на 28ми мај 2017 година, 828 планинари го искачија највисокиот врв на Шара, Титов Врв. На 36то традиционално качување „Титов врв 2017“ учество земаа 850 луѓе од 37 планинарски друштва од 4 различни земји.

Во не многу поволни услови, исполнети со магла и снег, за околу 4 часа, повеќето учесници се најдоа на надморска височина од 2.748 метри пред самата кула изградена уште во 1955 година. Во просек толку време им беше потребно на учесниците да се симнат повторно на Попова Шапка и да го испијат заслужениот чај, послужен од ветераните на ПК Љуботен, а во организација на „Пријателите на Шара“.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ – Тетово1 по триесет и шести пат го организираше традиционалното искачување на Титов Врв.

Настанот беше дел од прославата по повод „Денот на Европа“, а мото на искачувањето беше „Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно! Да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина!“.

 

Преземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...