ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Day: 04/04/2020

6 Results / Page 1 of 1

Парадокс

„Стадион“ на „Канал 77“: Вакцина против Ковид-19 ќе се открие, дали ќе се најде и за корупцијата? (ВИДЕО)

Коронавирусот галопира со застрашувачки последици по здравјето и животот на луѓето. Сепак, колку и да потрае овој карантин на неколку милијарди луѓе во светот, еден ден тоа ќе заврши, а научниците сигурно ќе откријат и вакцина против вирусот. Но дали некогаш ќе најдеме вакцина против корупцијата? Ова беше темата на „Стадион“ и „Парадокс“ во денешната двочасновна емисија на „Канал 77“. Во рамките на емисијата беше емитувана и новинарската истражувачка сторија на Весна Коловска – „Малите машини – голема инвестиција за […]

today04/04/2020 3

Парадокс

Нашите функционери не кажуваат каде имаат сопствеништво и колкави им се уделите (видео)

Миша Поповиќ oд Институтот за демократија (ИДСЦС) во Стадион на Канал 77 го коментираше делот од корупција, познат како трговијата со влијание. Како пример на пракса ја спомена американската, каде  кога еден сопственик на компанија  кога добива политичка функција,  управувањето во компанијата го отстапува на тнр.  „слеп труст“ и нема никакво влијание во носењето на деловни одлуки и управување во време кога е на јавна функција. -Дополнително ги објавува и интересите, односно сопствеништвото. Освен во Антикорупциска корупција, не се објавуваат […]

today04/04/2020 8

Парадокс

Општинските набавки се местат со прилагодување на спецификациите за одредени понудувачи (видео)

Членотот на Државната комисија за спречување на корупцијата и суди на интереси (ДКСК) Нури Бајрами објаснува кои се слабостите на јавните набавки на општините. -Имаме и влошена конкуренција, со помалку понуди. Имаме често поништување на набавките. Имаме прилагодување на технички спецификации блиски до одредени понудувачи, чудо анекси на набавките – куп слабости што се детектирани. Сите ги имаме во петгодишната Национална стратегија за борба против корупцијата со импут на сите државни – јавни чинители, изјави Бајрами во Стадион на Канал […]

today04/04/2020 3

Парадокс

Бајрами: Антикорупциска се соочува со опструкции од другите органи (видео)

Политиката создава многу лош клиентелизам. Стручните луѓе се тргаат настрана. Ги охрабрувам, да не трпат притисок, е пораката што во емисијата Стадион на Канал 77 ја упати Нури Бајрами, член на Државната комисија за спречување на корупцијата и суди на интереси (ДКСК). – Имаме над 20 случаи на пријави од свиркачи. Ако сакаме да го почитуваме законот, вработените во јавниот сектор се директно првите сведоци за тоа како се работи. За жал, нема такви пријавувања што можат да не’ воведат […]

today04/04/2020 5

Парадокс

Градоначалникот на Велес тврди дека не се меша во јавните набавки (видео)

Во гостувањето во емисијата Стадион, градоначалникот на Велес, Аце Коцевски рече дека не сака да се меша во јавните набавки, дури набавките не ги водат лица од неговата  партија. Ова беше еден од коментарите на прашњата за набавката на метларка од велешкото ЈКП „Дервен“ од компанијата „Брако“,каде еден од сопствениците е Кочо Анѓушев, во време кога  беше потпретседател на Владата. https://www.youtube.com/watch?v=FltjOHqMUXQ&feature=emb_title

today04/04/2020 6

0%