ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

Самит за спас на Охрид од иселување

today26/12/2018 50

Background

Охрид полека прераснува во град на пензионери. Масовното  иселување од нашиот најголем туристички центар последните неколку години според експертите може  да ја промени демографската слика на градот. Охрид е шампион во Македонија по бројот на иселувања.

Според официјалните бројки на Државниот завод за статистика од Охрид во последните години се иселиле повеќе од 8000 луѓе.Најалрмантно било во 2012 година кога градот го напуштиле 1.296 лица. Од  целиот регион на Охрид , Струга и Дебарца си заминале повеќе од 13000 луѓе.Но она што уште повеќе загрижува се неофицијалните бројки кои кружат во охридската чаршија, а тие се дека во Охрид од град со околу 60000 жители, сега живеат помеѓу 30000 и 35000 граѓани. Тоа е така затоа што многу охриѓани кои живеат во странство се уште се со адреса на живеење во Охрид односно не ги имаат променето своите лични документи.

Од Охрид може да си заминат и оние млади кои се се уште во градот

Младинските активисти од градот се загрижени за ваквиот негативен тренд. Весна Цветаноска која неколку години работи на проекти поврзани со младите, вели дека доколку во најскоро време не се преземе ништо во однос на ова прашање од Охрид ќе се заминат и оние млади кои сега се тука.

„Ситуацијата од ден на ден станува се позагрижувачка и жалосно е што младите луѓето не гледаат можност за просперитет во Охрид, поради познатите економски причини.Помеѓу средношколците посебно владее мислењето дека  по завршувањето на нивното средно образование секој од нив сака да си го најде патот некаде надвор од Охрид и Македонија“, вели Цветаноска.

Што прават институциите да го спречат овој негативен тренд?

Цветаноска вели дека организираат различни работилници и мотивациски настани во кои се вклучени млади луѓе.Но вели дека институциите прават многу малку за да ги задржат младите.

„Држиме и предавања за тоа колку е важно тие да останат овде и да ги одржуваат нивните врски со семејството и пријателите.Меѓутоа кога тие самите гледаат дека овде немаат никаков излез, сето она што ние го правиме дава искрено многу малку резултати.Што институциите прават да го спречат овој негативен тренд или феномен?Па очигледно е дека не прават ништо или ако прават тоа е многу малку и незабележливо и невидливо и наместо да се преземат разни политики на економски план за да останат младите овде, одлевањето на мозоците е се поголемо“, вели Цветаноска.

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и сопственик на приватен образовен центар во Охрид смета дека има неколку решенија за надминување на сегашната состојба. Тој решението меѓу другото го гледа во отварањето на нови индустриски капацитети, доаѓањето на  конкутрентни, македонски и странски инвеститори како и во развојот на приватните и  семејните бизниси.

„Во Охрид, од гиганти како ОТЕКС, ЕМО, БРАТСТВО, СЛОБОДА, ОХРИДСКА ТРГОВИЈА, ВИДЕО ИНЖЕЊЕРИНГ, ГРАДИНАР, ЛИХНИДА, ЗАСТАВА … не излегоа некои забележливи поголеми извозно ориентирани производни капацитети.Охрид имаше шанса да има недостиг на вработени“, вели Јанев.

Отварањето на нови индустриски капацитети за задржување на младите во Охрид

Во Охрид, како граѓанин, мислам дека решенија се поклопуваат со напред споменатото.1. Отварање и развој на индустриски капацитети – во тек.  Јас не гледам друг начин за останување на младите луѓе. Тие треба да работат некаде.2. Развој на нова и освежување на постоечката  туристичка инфраструктура.3. Проширување на „СвАпостол Павле“ универзитетот со нови содржини, факултети. Охрид треба да има свој охридски универзитет и да има околу 15 факултети, а бројот на студенти би бил околу 10000-15000. Тоа ќе го зголеми бројот на жители, научни работници, родители, инвеститори.4. ИТ зона и лесна незагадувачка паметна/научна/мерна индустрија.  5. Одличниот туризмот во Охрид и Македонија да биде последица на многу нешта а не причина за многу нешта“, вели Јанев.

За Заменик градоначалникот на Охрид добар имапкт за развојот на градот е неодамнешното отварање на производствените капацитети на германските компании  ОДВ Електрик и КОСТАЛ во кои е ветено дека во наредните години ќе се вработат околу 2000 граѓани од регионот.

Одржување на Самит за Охрид и нова стратегија за иднината на градот

На Охрид му се неопходни соодветни мерки и конкретни чекори велат и некои други локални функционери со кои што зборувавме.Советникот во градскиот совет Дејан Пановски, оди до таму што веќе подолго време заговара една идеја за одржување на т.н Самит за Охрид, но барем за сега нема соодветен интерес за овој негов предлог.

„За решавање на овој проблем и на другите проблеми со кои Охрид се соочува му е потребно лидерство од страна на локалната самоуправа.Исто така треба да се избегнат оние памфлети дека работите ќе се средат со вакви или онакви активности.Работите нема да се средат доколку не се направи стратегија.Она што со години наназад сакам да го повикам е под лидерство на локалата власт да се свика таканаречен Самит за Охрид, на кој ќе земат учество највисоките државни институции како што се Владата, МАНУ, Стопанската комора и сите оне надлежни институции. Би повикале и наши охриѓани кои работат во институции  надвор од Охрид и во странство, а се успешни во кариерата“, вели Пановски.

Паноски предлага на т.н Самит за Охрид да се  разговара за моделите за подобрување на состојбата во Охрид од економски, социјален  и  еколошки аспект и сето тоа да се вклопи во нова стратегија за иднината на градот која ќе го спречи неговото празнење.

„Верувам дека ќе созреат условите и ќе се покаже потребата за една ваква иницијатива да стане вистина, да се реализира.“, вели Пановски.

Охрид град со најголема невработеност во Македонија.

Инаку Охрид е град со најголема невработеност во Македонија и истата е некаде за 10% поголема од просекот во Македонија. За разлика од сега пред три децении и повеќе во неколкуте индустриски гиганти во Охрид  се вработувале околу 21.000 охриѓани, а индустријата била носечка економска гранка во општината  пред туризмот .Дополнителен проблем е  што во Охрид и понатаму најголеми работодавачи се јавните и државните претпријатија. Градоначалникот Никола Бакрачески во една прилика изјави дека наследил превработеност во јавните претпријатија и  општинската администрација која на почетокот од неговиот мандат биле од 5 до 7 пати повеќе од колку што налагале стандардите.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%