ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Ноќен Експрес

Душко Млекарот во Германија чека политички азил

today27/12/2018 7

Background

Повеќе од еден месец Душко Илиевски, познат во јавноста како Душко Млекарот заедно со семејството е во Германија. Нема намера да се враќа и веќе доставил барање за политички азил. Ова во емисијата „Ноќен експрес“ на Канал 77 го потврди неговиот другар, Кире Велковски, лидер на тутнарските протести во Битола.

– Душко моментално е во Германија. Избега од полицијата и судството.

Имаше повеќе кривични пријави за учество во протестите на Шарената револуција во Битола, божем нападнал и полициаец и за протестите пред зградата на ВМРО ДПМНЕ во Скопје. Беше револтиран и не можеше повеќе да ги трпи притисоците. Мораше да си замине, изјави Велковски.

Душко Млекарот, според Велковски, во Германија не работи ништо, во исчекување на одговорот за политичкиот азил. Тој и неговиот брат и татко во 2010 година поминаа 12 дена во притвор, по што беа ослободени од обвинение дека одгледувале марихуана на нивите. Самиот сведочеше дека трпи повеќегодишна правно – полициска тортура. Пред заминување, Илиевски искажа соменвање во јавноста дека повторно му се подготвува нешто, откако забележал двајца инспектори како фотографираат додека работел на нивата.

Неговиот другар Кире Велковски вели дека и тој самиот, како земјоделски лидер, е под притисоци и има повеќе кривични пријави.

– Со Душко живееме повеќе години, сега се соочувам со истите проблеми.

Во 2010-2011 година ги предводев протестите на тутунарите и никогаш не се разделивме. Истиот проблем се случува и кај мене. Обвинувања, кривични пријави. На суд сум по пријава за учество во толпа за пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Кривична пријава за учество во толпа пред Општина Битола, потоа кривична пријава за сликање на некои ниви во Општина Могила. Моментално има поднесено повеќе од 7-8 кривични пријави против мене, кажа Велковски во „Ноќен експрес“.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%