Ед Ширан ќе се повлече од музиката и социјалните мрежи на неодредено време

Тоа што Ед Ширан важи за еден од најуспешните пејачи на деценијата, веројатно е причина повеќе да дојде до заклучокот дека сака да паузира од музиката и од социјалните мрежи на неодредено време.
Славата носи свои притисоци во секојдневието, па колку толку ослободен од нив, ќе се фокусира на патување, пишување и читање.

Вели дека со нова музика ќе се врати во моментот кога ќе почувствува дека е вистинско време.
„Од 2007. работам постојано и време е да видам што се случува со останатиот дел од светот“ – изјави 28 годишниот Ширан.

Неговата изјава заокружува уште една успешна година за него, која кулминираше со именувањето за британски артист на декадата.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background