Тарабунов ја претстави неговата „Señorita“

Пејачот Александар Тарабунов – Тара го промовираше новиот сингл кој го носи името „Senorita“.
Станува збор за тема чија што музика ја потпишува самиот тој, текстот е дело на Луна Ристиќ, додека, пак, аранжманот и продукцијата се на неговиот проверен соработник Роберт Билбилов.

Видеото е снимено на неколку локации во Скопје и е работено под режисерската палка на Зоран Стојановски – Зонде, а во кадрите покрај Тара се појавуваат и манекенката Ивана Савовиќ, како и Бојана Арсовска и Барбара Поповиќ.

„Долго време работевме на оваа песна и искрено се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ. Станува збор за тема која е во малку поразличен стил од оној на кој е навикната македонската јавност да ме слуша, малку експериментиравме, внесовме нови елементи, нов призвук и мислам дека „Senorita“ е одлична увертира за она што допрва следува од мене“ – вели Тара.
Во прилог можете да прегледате и преслушате како изгледа последното музичко парче на Тара.


Продолжи со читањето

Во етер
Наслов
Изведувач

Background