ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Парадокс

Сугарески за надлежностите на институциите за дивоградбите: Ненадлежна институција не признавам (ВИДЕО)

today28/03/2020 3

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, каде се зборуваше на тема „Охрид со бизнисите на Нефи Усеини влезе во извештајот на ЕК во делот на корупцијата“, истакна дека не признава ненадлежна институција за постапување по предметите.

„Согласно надлежностите што ги има Министерството за транспорт и врски, јас не само апел туку имам издадено сите општини во делот на легализација и дивоградби да постапуват општините. Министертсвото за транспорт постапува во делот на инфраструктурните проекти од прва категорија. И до Државниот градежен инспекторат и општините, имам издадено дека тие мора да постапуваат согласно надлежностите кои што ги имаат. И затоа плановите кои се донесени за Охридксо – Струшкиот регион и за другите региони мора да се постапува, општините мора да постапуваат согласно надлежностите кои што ги имаат“, вели Сугарески.

Тој вели дека не признава кога институциите си ја префрлаат топката од еден на друг и секоја институција за себе вели дека не е надлежна.

„Некоку пати сум дал изјави дека ненадлежни институции не признавам. Во сите закони многу добро е објаснато кој за каде е надлежен. Согласно децентрализацијата која што е направена и надлежностие на општините, тие се исклучиво надлежни посебно во втора категорија, да решаваат по предметите. Тој тип на ненадлежност воопшто не го признавам, бидејќи се знае дека надлежниот Државниот градежен инспекторат е за прва категорија, а општината за втора категорија. Изјава од типот ненадлежен, покажува дека не сака да постапува“, потенцира министерот Сугарески.

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%