ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Kanal 77

477 Results / Page 30 of 53

Зголемена локална транспарентност

Ќе ја добие ли Дојранското езеро заслужената еколошка заштита

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа. Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и повеќе од тоа, изобилувајќи со вода која жителите велат одамна ја немало во толкава количина. Но, од друга страна, квалитетот на езерската вода е под знак прашалник, а брзата и […]

today28/12/2018 114

Зголемена локална транспарентност

Домот за стари наречен желба

Повеќе од една година е запрена градбата на Домот за стари лица во Штип. Објектот од 3000 квадрати кој е изграден до карабина и не може да се догради додека не завршат административните процедури во Министерството за транспорт и врски. Здружението на пензионери на Штип и Карбинци ги троши последните пари, кои од сопствена заштеда одлучи да го гради овој капитален објект. Засега пензионерите се без идеја како да го завршат домот каде треба да сместат 120 свои членови. Иако […]

today28/12/2018 66

Зголемена локална транспарентност

Ќе се охрабри ли локалната власт да урива дивограби пред избори?

Во Тетово цели станбени згради со станови за продажба се нелегално изградени. Никнуваат огромни зданија на згради буквално на секој слободен простор.Тетово продолжува да расте нелегално. Ќе се одважи ли локалната власт да урива пред новите локални избори? Тетово е претворено во градилиште. Облаците прашина од работата на машините дополнително го загадуваат и онака концентриртаниот со отрови амбиентален воздух. Списокот на довоградби е долг и утврден од Општината Тетово. Донесени се и решенија за уривање. Но, и порај тоа, две […]

today28/12/2018 7

Зголемена локална транспарентност

Нови станбени комплекси ќе го загрозат чистиот воздух во Охрид?

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат дека Охрид се урбанизира плански. Некои од овие висококатници ќе се градат близу строгиот центар на Охрид. На опфатот помеѓу улиците „Јане Сандански“, „Туристичка“ и „Даме Груев“, според урбанистичкиот план […]

today28/12/2018 70

Зголемена локална транспарентност

Општински центар три години без матичен лекар

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде не можат да градат кариера. Во 21-от век, доаѓањето до здравствена заштита овие близу 5000 жители е пат поплочен со трње. На десетина километри пред  Кочани е Општината Чешиново – […]

today28/12/2018 64

Зголемена локална транспарентност

Рурални амбуланти а не рурален доктор

Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од Струмица се одалечени околу 25 километри. Молат бога да не се разболат или чекаат да дојде среда , кога од здравствениот дом им испраќаат медицински тим составен од лекар, медицинска сестра и возач. Најтешко им е на возрасните […]

today28/12/2018 26

Зголемена локална транспарентност

Даночна неправда ги празни граѓанските џебови

Оваа гарнитура од локална власт на заминување ќе остави релативно среден систем на наплата на данок на имот. Но, овие градоначалници на граѓаните ќе им остават обврска за плаќање на данок, кој е заснован на највисоката законска граница, базиран на нови проценки на имотот, кои донесоа решенија зголемени за неколку пати од тие што претходно ги плаќаа. Она што за локалната власт е вовдеување на даночна дисциплина, за граѓаните е само уште една повисока давачка што мора да се плати. […]

today28/12/2018 10

Зголемена локална транспарентност

Древните Л’џи ќе станат чешма

Жителите на штипско Ново Село стравуваат дека концесионерот кој ја доби концесијата за користење на термо-минералната вода од локалитетите ,,Кежовица и Л,џи“ ќе стави катанец на  на Л’џите. Тие сметаа дека и водата и самиот локалитет се дел од историјата и традицијата на оваа древно и историско место и како такво треба да се заштити  и од општината и од Државата. Од ДПТ Оаза ДОО Штип, фирмата која што ја доби концесијата, велат дека тоа нема да се случи. Ќе […]

today28/12/2018 87

Зголемена локална транспарентност

Тендерите и’ пресудија на дивата депонија во Тетово

Се менуваа министри за екологија, се менуваа градоначалници, но само дивата депонија во Тетово цели десет години остана на исто место. И додека тетовчани се гушат, државата дава само морална поддршка, под изговор дека е тоа работа на општинските власти. Лошата миризба и чадот ги трујат тетовчани до ден денешен. Граѓаните раскажуваат дека имале секојдневни непријатности со тогашната депонија стационирана во близина на нивните живеалишта. Претседателот на месната заедица „Борис Кидрич“, Мирче Блажески раскажува за животот со депонијата. Депонијата беше […]

today28/12/2018 68

0%