Стории

Политичката криза се заканува охриѓани да ги остави без егзистенција

Политичката криза може многу семејства во Охрид да остави без леб.Ако нема разрешница, предупредуваат туристичките работници, тогаш таа сериозно ќе удри врз туризмот кој е водечка стопанска гранка во градот. Иљадници граѓани го очекуваат доаѓањето на туристичката сезона како можност да заработат некој денар повеќе, како би го преживеале остатокот ...

Повеќе »

Шкариќ: Референдумот во Гевгелија е обврзувачки за државата

Ќе се јави конфликт меѓу граѓаните и власта доколку институциите не ја почитуваат граѓанската воља искажана преку референдумот, бидејќи граѓаните се  носители на власта. Ова е толкувањето на професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, за искажаниот скептицијам во јавноста, дека граѓанското „не“ за изградба на рудник во Гевгелија, нема да ...

Повеќе »

Грците го прават Дојран успешна приказна

Кога ќе се спомене Дојран и погранично место, веднаш првата асоцијација е на трговската размена со посетителите од јужниот сосед, која значително се зголеми во последните години на економската криза што ескалираше од другата страна на границата. Грците ги преплавија бензиските станици, стоматолошките ординации, дуќаните, рестораните, пазарите во пограничните места ...

Повеќе »

Валандовчани задоцнија со референдумот за рудникот Казан дол?

Предлогот за референдум, преку кој граѓаните на општина Валандово ќе се изјаснат за изградба на рудник, доаѓа во време кога компанијата веќе напредна во градежните работи. Почната e градбата на рудникот, се поставува магистралниот цевковод, оформени се бедемите на работното и на акумулационото езеро. Украинската компанија Сардич, која го гради ...

Повеќе »

Куќите подарок од Жан Митрев – купишта цигли, даски и рамки без слики

Нема пари за реконструкција на една од куќите што општината ги доби на подарок од штипскиот кардиохирург, Жан Митрев. Средствата што ги доби преку Источно планскиот регион отидоа во Виница. Од општината велат одбиени се без образложение, од Источно планскиот регион пак, недостасувала потребната документација. Во Штип има околу дваесет ...

Повеќе »

Седум години чекаат трансфорамција на земјиште за да градат пензионерски станови

Здружението на пензионери од Струмица речиси седум години чека дозвола за тарнсфорамција на земјиштето, кое го користат за да градат пензионерски станови. Постапката заглавила во Одделението за имотно правни работи при Министерството за Финансии. Станува збор за повеќе од илјада метри квадратни земјиште кое се води на Р.Македонија, а на ...

Повеќе »

Пожарите ја пеплосуваат иднината на нашите деца

Пожарите во март, само на територијата на Пијанец и Малеш изгореа над 200 хектари шума. Сите пожари се предизвикани од човечки фактор, а штетите се бројат во милиони, но последиците се немерливи. Шумата, освен дрвна маса има и 5 илјади други општокорисни функции, а таа ги губи, поради ниската свест ...

Повеќе »

Политичката криза ги заглави субвенциите за земјоделците

На протести излегоа струмичките земјоделци. Побараа од институциите да не ги манипулираат, бидејќи како што рекоа, изморени се да ја барат ветената државна помош, со која претходната влада на големо се рекламираше. Доста е од популизам, време е, како и нашите деца да си спакуваме куферите, велат земјоделците. Од Министерството ...

Повеќе »

Дебар, Река и Центар Жупа останаа со само еден гинеколог

Во општина Дебар со околу 20000 жители има само еден гинеколог. Ситуацијата да е по алармантна,  дебарското гинеколошко одделение каде работи овој гинеколог, ги покрива и двете соседни општини Река и Центар Жупа. Поради тоа многу често дебарчанки за породување се препраќаат во Струга, каде тамошното гинеколошко одделние е најдобро ...

Повеќе »

Центар за аутизам во Штип или само центар за згрижување на децата

По Скопје, Штип е вториот град каде државата се одважи да изгради Дневен центар за аутизам. Го најавуваа со години, министрите за труд и социјала се менуваа, но колку реално Центарот ја подобри социјализацијата на децата со аутизам, кои и понатаму се на општествените маргини. Отворањето беше добра основа, но ...

Повеќе »

Наместо регионална депонија во струмичко има 100 диви депонии

Струмичкиот регион како земјоделски се гуши во отпад. Речиси сите населени места имаат една до две диви депонии, а купишта ѓубре се фрла и покрај локални патишта, реки и канали. Органски отпад, пластика, хартија и градежен шут има насекаде, а во нивна близина се одгледува зеленчук, овошје. – „Се фрла ...

Повеќе »

„Розевата“ Битола во филмот за Талески

Битола не стана филмски град, ама ќе ја има во филмот на градоначалникот на заминување Владимир Талевски, кој е на истекот на неговиот трет мандат. За филмот за проектите на Талески, општината ќе потроши 8000 евра. Опозицијата овој проект го нарече „голема лудорија“, а дел од битолските интелекуталци бараат контра ...

Повеќе »

Струшката депонија канцер на градот и вистинска еколошка бомба

Додека стружани се гушат од  чадот и неподносливата смрдеа кои се шират многу често од градската депонија која се наоѓа на стотина метри од првите куќи секојдневно се зголемува бројот на заболени од рак во општината. Депонијата е место каде повеќе од една деценија се фрла најразличен вид на отпад, ...

Повеќе »

Паркингот во Тетово – луксуз од 80 000 денари

Зонското паркирање не го реши сообраќајниот хаос во Тетово, туку дополнително го комплицира проблемот на  граѓаните кои живеат на главните булевари „Илирија“ и „Илинденска“. Цената на месечниот билет за паркирање е фантастични 8000 денари. И додека граѓаните бараат паркинзи зад зградите во кои живеат, од општината велат дека зонското паркирање ...

Повеќе »

Ќе ја добие ли Дојранското езеро заслужената еколошка заштита

Дојранското Езеро некогаш важеше за избалансирано високо продуктивно езеро, со богата флора и фауна и најбогато со риба во Југоисточна Европа.  Денес веќе се шпекулира со бенефитите кои може да ги понуди. Во овие неколку години, а особено во последните три, езерото си го врати својот некогашен сјај, дури и ...

Повеќе »

Домот за стари наречен желба

Повеќе од една година е запрена градбата на Домот за стари лица во Штип. Објектот од 3000 квадрати кој е изграден до карабина и не може да се догради додека не завршат административните процедури во Министерството за транспорт и врски. Здружението на пензионери на Штип и Карбинци ги троши последните ...

Повеќе »

Ќе се охрабри ли локалната власт да урива дивограби пред избори?

Во Тетово цели станбени згради со станови за продажба се нелегално изградени. Никнуваат огромни зданија на згради буквално на секој слободен простор.Тетово продолжува да расте нелегално. Ќе се одважи ли локалната власт да урива пред новите локални избори? Тетово е претворено во градилиште. Облаците прашина од работата на машините дополнително ...

Повеќе »

Нови станбени комплекси ќе го загрозат чистиот воздух во Охрид?

Дваесеттина нови висококатници ќе никнат на неколку локации во Охрид. Граѓаните, експертите и некои од градските советници во општинскиот совет велат дека сето ова не е во интерес на градот и дека изградбата на новите згради ќе влијае врз квалитетот на воздухот кој охриѓани сега го дишат. Локалните власти уверуваат ...

Повеќе »

Општински центар три години без матичен лекар

Повеќе од три години жителите на пет села од Општината Чешиново – Облешево се без матичен лекар. Жителите преку петиција побараа Општината да го реши проблемот, бидејќи секое одење на лекар во Кочани за нив е трошок. Младите лекари до сега не покажаа интерес за работа на село, од каде ...

Повеќе »

Рурални амбуланти а не рурален доктор

Жителите од струмичките планински населени места Рич и Белотино патуваат и по час за да напрват лекарски преглед или примаат било каква медицинска терапија. Во овие две села каде живеат околу 450 жители немаат никаква амбуланта за примарна здравствена заштита а од  Струмица  се одалечени околу 25 километри. Молат бога ...

Повеќе »