Балкан – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Балкан

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија сите политичари и политички партии во Грција.   „Оние што го нападнаа градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис не се ниту огорчени граѓани , ниту насобран народ. Тие се едноставно радикално -десничарски насилници кои итно треба ...

Повеќе »

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна Гора. – Се колнам со мојата чест на Уставот на Црна Гора дека должноста претседател на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани на нашата татковина. Како претседател на ...

Повеќе »

Ципрас ќе ги информира претседателот и лидерите на партиите за разговорите за името

Во текот на викендот, грчкиот премиер Алексис Ципрас има намера да ги извести претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос и лидерите на политичките партии за разговорите за името, по средбата со неговиот македонски колега во Софија. Грчки владини извори ги брифираат новинарите во Грција за тоа дека Атина не отстапува од ...

Повеќе »

Црна Гора ќе дозволи геј бракови

Предлог законот за истополови бракови во Црна Гора наскоро ќе се најде во Парламентот, а јавната расправа веќе е завршена во Бијело Поље, Будва и Подгорица. Законот за регистрирано партнерство предвидува заедници на две полнолетни лица од ист пол кои го регистрирале својот граѓански партнерски однос пред матичар. Законот предвидува ...

Повеќе »

Павлопулос: Меѓународен договор без уставни измени го прекршува самиот Устав

Промена на Уставот е предуслов  за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја – порача грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос. Тој денеска оствари средба со неговата колешка од Естонија, Керсти Калјулајд, а во своето обраќање ...

Повеќе »

Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата во Охрид

  Одлуката на бугарските владици да не учествуваат на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, ги изнесе граѓаните на протест.   Група демонстранти денеска се собраа пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија. Собирот го организира Фондацијата „Бугарска памет“, чиј претседател, Милен Врабевски смета дека ...

Повеќе »

Вучиќ: Немаме веќе луѓе за војни, ниту Србите ниту Албанците

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека Србите и Албанците немаат веќе луѓе за војни и оти компромисот е решение. – Тоа што е мој повик е дека и едните и другите добро разбираат дека немаме многу животи и дека изгубивме многу луѓе, и Србите и Албанците. Не само во ...

Повеќе »

Побарана оставка од косовскиот министер поради затворањето на патот Приштина – Скопје

Заменик-градоначалникот на Качаник, Илбер Бајра, побара оставка од министерот за инфраструктура Паљ Лекај, затоа што со затворањето на патот Приштина-Скопје предизвикал блокада на неколку села во неговата и соседната општина на граница со Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Бајра му се обрати со отворено писмо на премиерот Рамуш ...

Повеќе »

Домашен притвор за поранешниот албански министер за внатрешни работи

Обвинителството во Тирана одреди домашен притвор за поранешниот албански министер Саимир Тахири, долгогодишниот близок соработник на албанскиот премиер Еди Рама. Тахири (38) веќе седум месеци е под истрага поради наводна вмешаност во криумчарење на дрога и корупција. Доколку биде осуден, може да добие максимална затворска казна од 15 години. – ...

Повеќе »

УНХЦР ја повика Турција да ја укине вонредната состојба пред изборите

Високиот комесар за човекови права на ОН, Зејд Раад Хусеин денеска ја повика Турција веднаш да ја укине вонредната состојба за да создаде нормални услови за избори – пренесува Македонската информативна агенција. – Тешко е да се замисли како можат да се спроведат веродостојни избори во средина каде што различните ...

Повеќе »

Српскиот министер за финансии поднесе оставка

Српскиот министер за финансии Душан Вујовиќ поднесе оставка, а одлуката за повлекување ја донел од лични причини – соопштено е утрово во Белград, со што се потврдени пишувањата во медиумите за неговото напуштање на владата. – Министерот за финансии во Владата на Република Србија Душан Вујовиќ одлучи да се повлече од ...

Повеќе »

Коѕијас: Ако нема договор нема да бидеме ние виновни, тоа го знае вселената

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас смета дека Грција направила правилно што го отворила прашањето за ерга омнес и дека доколку не се постигне договор, нема таа да биде виновна. Ова, како што вели Коѕијас, го знае и вселената. „За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и ...

Повеќе »

Албанија и Грција почнаа преговори за границата во Јонското Море

Албанија и Грција повторно покренуваат преговори за поморската граница во Јонското Море – пренесува МИА. Првиот круг од преговорите одржани во Тирана бил во „конструктивна и кооперативна атмосфера“, соопшти албанското Министерство за надворешни работи. Преговорите се потребни бидејќи албанскиот Уставен суд поништи договор од 2009 година потпишан од конзервативната влада ...

Повеќе »

Во Албанија 600 нови случаи на морбили

Продолжува да расте  бројот на заразени од мали сипаници или морбили, кои во Албанија се „вратија“ по три децении. Првиот случај беше регистриран во јануари, а до сега регистрирани се 600 случаи. Поголемиот дел од нив се деца на возраст до една година. Како последица од таа болест регистрирани се ...

Повеќе »

Вучиќ: Ќе гледаме нешто да сториме за подобрување на односите со Хрватска

Има надеж за подобрување на односите со Хрватска и ќе гледаме барем нешто да сториме, иако не мислам дека сме виновни за што било, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Танјуг. Според него, државата мора да го штити своето достоинство, но, како што рече одговарајќи на новинарско прашање, „се ...

Повеќе »

Србија се закани дека ќе го уапси Харадинај доколку влезе во Прешево

По написите во медиумите дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој  дури се закани со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево. – Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе ...

Повеќе »

Мамиќ: Ако ме затворат ќе направам исто како Праљак

Првиот човек на загрепски фудбалски клуб Динамо, Здравко Мамиќ изјави дека доколку го осудат ќе изврши самоубиство во затвор исто како Слободан Праљак во Хаг. На Мамиќ во моментов му се суди дека со трансфер на фудбалери ја оштетил Хрватска за 16 милиони евра. – Не сум виновен. Мене ми ...

Повеќе »

Грција почнува истрага за финансиски криминал во УНИЦЕФ

Властите во Грција почнаа истрага за финансиски криминал во грчкото претставништво на УНИЦЕФ, јави порталот „Бестњуз“. Проверките ги побарала претседателката на националниот комитет на УНИЦЕФ во Грција, Софија Ѕиѕику, која по преземањето на функцијата инсистирала да се провери грчкиот огранок на организацијата. Обвинителството ќе ги испита фактите што ги презентирала ...

Повеќе »

Дачиќ: Решавање на косовското прашање само преку компромис

Во интерес на Србија, не е поништувањето на Бриселскиот договор, туку неговото спроведување, изјави министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ за Танјуг. Тој истакна дека решението за косовското прашање може да се постигне само со компромис, а убедувањето дека Србија може со сила да се присили да го ...

Повеќе »

Регионалната платформа: Брзата реакција на српската полиција претставува добар знак

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која застапува повеќе од 8000 членови, остро го осудува физичкиот напад врз камерманот Владета Урошевиќ и новинарот Данило Машојевиќ од ТВ Прва во Србија. Воедно, ја поздравува и брзата реакција на српската полиција која го ...

Повеќе »