Свет – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Свет

Велика Британија ќе бара од ЕУ да и’ врати пари за системот „Галилео“

Британската Влада се подготвува да побара една милијарда фунти од Европската Унија, за нејзиното учество во системот „Галилео“, откако Брисел најави дека Лондон ќе треба да го напушти системот, заедно со напуштањето на Унијата, соопштија британски владини извори. Системот „Галилео“ е европскиот ривал на американскиот ГПС систем за сателитска навигација. ...

Повеќе »

Француската Влада нареди дислокација на 2.300 мигранти од Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон нареди дислокација на околу 2.300 мигранти сместени во диви кампови во Париз. Во соопштението на Кабинетот на Колон се посочува дека министерот и наредил на полицијата „што е можно побрзо да спроведе операција за евекуација“ на мигрантите, со што би се исполниле одредбите ...

Повеќе »

Тешка сообраќајка во Унгарија, сите починати се Романци

Во тешка сообраќајна несреќа во Унгарија, во судар помеѓу автобус и камион, загинаа девет романски државјани. Министерството за надворешни работи на Унгарија соопшти дека несреќата се случила вчера на 60 километри југоисточно од Будимпешта, кога возачот преминал во спротивната лента и се судрил со камион.  Во автобусот имало седум мажи ...

Повеќе »

Американските знамиња на половина копје во чест на загинатите во Тексас

Претседателот на САД, Доналд Трамп нареди американските знамиња да бидат поставени на половина копје во знак на почит за жртвите во нападот во училиште во градот Санта Фе, Тексас, каде што десет лица, претежно ученици, беа убиени, а десет други повредени. Посочено е дека американските знамиња во Белата куќа и ...

Повеќе »

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД

Русија планира да го забрани увозот на помфрит од САД и другите западни земји кои воведоа санкции против Москва. – Русија во 2017 година оствари увоз на помфрит од речиси 94 отсто, но почна да ја купува неопходната опрема за производство на локално ниво, изјави рускиот претседател на Националната унија ...

Повеќе »

Протести во Истанбул, запалени знамиња на САД и на Израел

Повеќе од илјада лица се собраа вчера во Истанбул во знак на осуда поради одлуката на САД да ја пресели својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим. Собраните, кои протестираа против смртоносните судири долж израелско-палестинската граница, ги запалија знамињата на САД и на Израел – пренесува Македонската информативна агенција. Ал ...

Повеќе »

Иран: Осум лица се осудени на смртна казна поради тероризам

Ирански суд осуди осум лица на смртна казна поради поврзаност со минатогодишни напади на екстремистичката организација Исламска држава (ИД). Лицата се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти на ИД кои го нападнаа парламентот и храмот на иранскиот лидер ајатолахот Рухола Хомеини. Во тие напади во јуни, минатата година, ...

Повеќе »

Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада

Каталонскиот Парламент не успеа да избере нов претседател на регионалната Влада на Каталонија, бидејќи кандидатот Жоаким „Ким“ Тора не го оствари неоходното апсолутно мнозинство од 68 гласови во првиот круг од гласањето. Како што јави МИА, седницата за избор на нов претседател на регионалната Влада на Каталонија беше одржана вчера. Утрешното ...

Повеќе »

Израел уништи тунел на Хамас

Израел соопшти денеска дека уништил тунел на исламистичката група Хамас, што се наоѓал во близина на границата и го затворил главниот граничен премин со Појасот Газа. – Тунелот беше долг околу еден километар. Го копале неколку месеци, а ние го следевме тоа неколку недели, наведе портпаролот на израелската војска Џонатан ...

Повеќе »

Трамп ја поздрави одлуката на Пјонгјанг

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави одлуката на Северна Кореја да го уништи нуклеарниот полигон. – Северна Кореја објави дека ќе го исклучи и уништи полигонот за нуклеарно тестирање овој месец, пред големиот самит. Ви благодариме, многу паметен чекор, наведе синоќа Трамп на Твитер. Како што претходно јави МИА, севернокорејското ...

Повеќе »

Во напад во Бурунди загинаа најмалку 26 цивили

Непознати вооружени напаѓачи денеска убија најмалку 26 луѓе, а десетмина се повредени во село во северозападниот дел на Бурунди – соопшти министерот за безбедност Ален Гијом Буњони, додавајќи дека масакрот е извршен од „терористичка група“. Според локалните власти, бројот на жртвите би можел да биде и поголем бидејќи потрагата за настрадани ...

Повеќе »

Евровизија: Кинеска телевизија ги цензурираше Ирска и Албанија поради хомосексуалност и тетоважи

Организаторот на Евровизија, Јуропиан Броудкастинг Јунион (ЕБУ) ги исфрли репортерите од кинеската Манго телевизија затоа што ги цензурирале настапите на ирскиот и албанскиот изведувач. Кинеската телевизија во вторникот, во првата полуфинална вечер, не ја емитувала ирската песна поради хомосексуална содржина, а албанската песна била забранета затоа што пејачот има тетоважи. ...

Повеќе »

СЗО стравува од епидемија на еболата во Конго

Светската здравствена организација (СЗО) се подготвува за најлошото можно сценарио поврзано со појавата на ебола во зафрлената област на Демократска Република Конго. „Тоа значи и ширење на болеста во некој поголем град“, изјави денеска заменик генералниот директор на СЗО, Питер Салама. Тој додаде дека се надева оти ДР Конго во ...

Повеќе »

Иран демантира напади врз Израел

Техеран негира свое учeство во ракетните напади врз израелските армиски позиции на Голанската Висорамнина. ОН предупредува од избувнување нова криза на Блискиот Исток. Иранското Министерство за надворешни работи тврди дека обвинувањата за ирански напади од израелска страна се измислени и без основа, единствено служат како алиби на Израел за воени ...

Повеќе »

Поради бомба од Втора светска војна евакуиран и Рускиот конзулат во Хонг Конг

Поради бомба од Втората светска војна блокирани се неколку улици во хонгкошката област Ванчаи. Наредена е евакуација на станбени згради, хотели и канцеларии, како и на Генералниот конзулат на Русија. Бомбата ја пронашле градежни работници при изградба на железничка пруга. Тоа е трета бомба што е ископана во областа Ванчаи ...

Повеќе »

Германија-Русија: Дијалог во време на отуѓување

Германија и Русија се приближуваат речиси принудно. Сепак, германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас при посетата во Москва разговараше и за многу спорни теми. Со право, оценува Кристијан Трипе. Тешко дека тоа беше направено со намера, но САД сепак значително ѝ го зголемија политичкото значење на Русија. Тоа е ...

Повеќе »

Техеран: Сирија има право да се брани

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека го поддржува правото на Сирија да се  брани од израелската агресија и ја обвини меѓународната заедница. – Иран остро ги осудува… нападите (на Израел) врз Сирија. Молкот на меѓународната заедница ја охрабрува агресијата на Израел, Сирија ги има сите права да се брани, ...

Повеќе »

Во Австралија пронајдени седум жртви со прострелни рани

На имот во руралното подрачје на австралискиот град Осмингтон пронајдени се седум тела со прострелни рани. Меѓу убиените четири се деца и тројва возрасни. Полицијата не соопшти повеќе детали освен дека на местото на инцидентот пронајдено е оружје. Телата на двајца возрасни пронајдени се надвор од куќата. Се претпоставува дека ...

Повеќе »

Жртви при пукање на брана во Кенија

По повеќенеделни обилни врнежи дожд во кенискиот град Солај пукна брана, а локалните власти соопштија дека е предизвикана голема материјална штета како и дека има жртви. Браната пукнала синоќа во Солај во областа Накуру, на 190 километри северозападно од Најроби. – Водата предизвика огромна штета, а има и човечки животи. ...

Повеќе »

Босанци печеле на ражен 12 јагниња во парк во Германија, интервенирале и пожарникарите

„Дванаесет јагниња се вртеа на ражени, кои беа придвижувани од батерија од акумулаторот. Кога ги прашавме што прават – кажаа дека слават Велигден, како и секоја година“, објави германската полиција на Фејсбук. Правењето скара во овој парк е дозволено. но од полицијата додаваат дека проблемот бил што групата со своето ...

Повеќе »