Facebook спрема строги правила за објавување на социјалните мрежи

14

Факт е дека компанијата на Марк Цукерберг добива годишно над 6,5 милиони пријави против лажни профили, затоа неодамна најави строги правила за говор на омраза, тероризам, порнографија и самоповреда.

„Многу ни е важно да ги заштитиме луѓето на Facebook. Напорно работиме за да го направиме Facebook безбеден и да ја зачуваме слободата на говор. Тоа бара многу размислување во детали и тешки прашања“, истакнала Моника Бикерт, шефот за глобална политика на Facebook.

Facebook досега немаше конкретни правила за решавање на оваа компликација, а еден од најголемите проблеми се корисниците што ја користат live функцијата за снимање на обид на самоубиство. На пример, таквата содржина на Facebook треба да се блокира, но, според документите „треба да се дозволи со цел да не се цензурираат или казнуваат луѓето што се во неволја“. Facebook не сака да го коментира тој документ, само вели дека интензивно работи на зајакнување на сигурносната политика.

Превземено од: Телефони

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...