Facebook, Messenger и Instagram ќе ги здружат своите известувања во единствен панел

Facebook и Instagram може и да постојат како одделни услуги, но нивната врска е подлабока отколку што мислите. Денес станува јасно дека Instagram може да се интегрира уште подлабоко во платформата на Facebook. TechCrunch пријави дека социјалната мрежа тестира нова функција која покажува бројач за известување од најголемите апликации на Facebook, за да можат корисниците брзо да се префрлаат помеѓу нив – пишува денеска порталот Стандард.

Самата функција е продолжување на Ds во Messenger. Таа стои во горниот десен агол на Facebook апликацијата. Наместо само да ги предупредува корисниците за инстант пораки, функцијата ќе го покажува менито што се појавува, што ќе ги содржи сите непрочитани известувањата на Facebook, Messenger и Instagram.

Портпаролот на Facebook потврди пред TechCrunch дека „се испитуваат начини да им се помогне на луѓето да поминуваат полесно меѓу профилите на Facebook, Messenger и Instagram“.

За Facebook идејата е едноставна: корисниците да поминуваат повеќе време во апликациите под нејзина капа. За корисниците тоа е уште едно олеснување што ќе им заштеди време во проверка на другите социјални профили.

 

Извор: www.standard.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

„Избришете“ ги подочниците со две едноставни состојки

  Ако подочниците ви се ноќна мора, не кревајте раце туку тргнете кон решение на ...

Граѓанската иницијатива „5 до 12“ на средба со Дескоска и Таравари

 Министерството за образование и наука ќе вклучи претставници на граѓанската иницијатива „5 до 12“ во работните ...

Close