FIFA тимот на годината за 2016 предизвика многу реакции

fifa-head-office

ФИФА на гала церемонијата која ќе се одржи на 9-ти јануари во Цирих ќе го објави идеалниот тим за 2016 година. Новинарите од неколку медиуми успеале да дознаат како изгледа идеалниот тим во формација 4-3-3, а тој веќе стана тема на расправи.

Деветмина во тимот се играчи на Реал или Барселона, а од другите екипи во идеалните 11 се само голманот на Баерн, Мануел Нојер и дефанзивецот на ПСЖ, Тијаго Силва.

Токму изборот на Тијаго Силва предизвикува големи контроверзи, бидејќи тој на позицијата централен дефанзивец влегува пред Серхио Рамос, кој своето место во идеалниот тим го најде на позицијата десен бек.

Во изборот зад Тијаго Силва останаа Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Дијего Годин, Матс Хумелс.

Исто така дискутабилно е како Нејмар успеал да му ја „украде“ позицијата на соиграчот Луис Суарез, кој ја освои Златната копачка за најдобар стрелец. Место во овој тим нема ниту за најдобриот играч и стрелец на Европското првенство, Антоан Гризман, но и за носителот на играта на Лестер, Н’Голо Канте.

Тимот на ФИФА за 2016 година:

Голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен)

Одбрана: Серхио Рамос (Реал Мадрид), Џерард Пике (Барселона), Тијаго Силва (ПСЖ), Марсело (Реал Мадрид)

Среден ред: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Тони Крос (Реал Мадрид), Андрес Иниеста (Барселона)

Напад: Кристијано Роналдо (Реал Мадрид), Лионел Меси (Барселона), Нејмар (Барселона).

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...