“Game of Thrones” ги надмина “Pornhub” во популарност

“PornHub” објави дека во неделата, посетеноста им паднала за 4,5%. Новата сезона на серијата “Game of Thrones” (/Игра на Тронови) станала толку популарна што поради неа луѓето го “забаталија” гледањето на порнографија.

Премиерата на првата епизода на новата сезона ја гледале 16,1 милиони луѓе, па посетата на “PornHub” опаднала значително. “PornHub” објавија дека во неделата, за време на емитувањето на “Игра на Тронови”, посетеноста им паднала за 4,5 %.

Но ова не е прв пат популарната серија да му зададе силен удар на “PornHub”. Најголемиот пад на посетеност го имале минатиот јуни, кога беше емитувана последната епизода на шестиот серијал. Па тогаш посетеноста на порно сајтот паднала за 5,2%.

Нешто слично се случило и со последната епизода од четвртата сезона на серијалот, кога била забележана посета помала за 4,9%.

За среќа, овој “лош” период за “PornHub” трае само два часа, па веднаш по емитувањето на серијата, посетеноста им се враќа во нормална состојба.

Додади коментар

Би те интересирало и

Десет особини на „убавите“ жени

Жените често запаѓаат во очај поради убавината, држат строги диети и се подложуваат на пластична ...

Бактерии менуваат форма во Вселената

На Интернационалната Вселенска Станица (ISS) е пронајдена бактерија која ја менува формата. Научниците сметаат дека ...

Close