Kонсултанти од Волстрит прогнозираат колапс на биткоинот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Kонсултанти од Волстрит прогнозираат колапс на биткоинот

Консултантската фирма од Волстрит предвидува сериозен пад на пазарот на криптовалутата во оваа година.

Извештајот на „Quinlan & Associates“, кој се состои од 156 страници, заклучува дека биткоинот ќе се намали на 1.800 долари на крајот од оваа година.

Според неговата моментална цена, консултантите го сфаќаат пазарот за криптовалути како „балон“ што се очекува да пукне.

Со оглед на тоа што биткоинот не е широко прифатен како средство за плаќање, очекувањата на аналитичарите се дека пазарот на криптовалутата ќе се намали за 70%.

Со актуелната пазарна капитализација од повеќе од 700 милијарди долари, тоа би значело пад од околу 223 милијарди долари.

Консултантите, исто така, поставија долгорочна прогноза за цената на најпопуларната дигитална валута.

Според нив, цената на биткоинот во 2020-та година ќе биде само 810 долари, во споредба со сегашните 14.100 долари.

И покрај очекувањата за пад во наредните години, пазарната капитализација на сите криптовалути се очекува во иднина да забележи раст во однос на предвидените на крајот на оваа година и споменати погоре 223 милијарди долари.

Според „Quinlan & Associates“, на крајот на 2020-та година оценката на сите дигитални валути ќе е 407 милијарди долари. Зголемувањето ќе се движи како ќе се појавуваат новите криптовалути, но главно од оние со голема корист за општеството.

Извор: Денар

Би те интересирало и

Околу 40 милиони евра за нови 80 километри гасовод

Речиси четириесет милиони евра ќе ја чини државата изградбата на новата гасоводна мрежа. Ова го ...

Само 27 отсто од компаниите во Македонија се сопственост на жени

Најголем број на македонските големи и средни компании, односно во 73 проценти од нив се ...