NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

NBA All Star: Мичел најатрактивен во забивањата, Букер прецизен како снајпер (видео)

Светот не е премногу воодушевен од втората ноќ во НБА олстар-викендот, особено од натпреварот во забивање, сепак колку и да беа (не)атрактивни кошаркарите мораше да има победник, а годинава тоа е Донован Мичел од Јута.

Мичел стигна на натпреварувањево во забивање само како замена за повредениот Арон Гордон, но на крај се покажа најатрактивен, но и најсигурен. Со 48 поени во првото и перфектни пет десетки во второто забивање избори финале, каде што се пласира и Лари Ненс Џуниор од Килвленд. Мичел го повтори истиот пакет поени и во финалето, при што заврши со 50-ка, заслужена со имитација на Винс Картер.

Го облече неговиот дрес и го повтори забивањето со кое тој победи во 2000 година, изнудувајќи пет десетки. Ненс Џуниор го повика својот славен татко на помош, но не беше доволно за да го победи дебитантот од Јута. Покрај нив двајца, во ова натпреварување учествуваа уште и Денис Смит од Далас и Виктор Оладипо од Индијана.

За таа разлика, натпреварот во тројки беше многу квалитетен со престижни имиња, а победник беше Девин Букер. Се пласира во финалето со 19 поени, идентично колку и Клеј Томпсон од Голден стејт, оставајќи ги зад себе Тобијас Харис од ЛА Клиперс, Вејн Елингтон од Мајами, Бредли Бил од Вашингтон, Ерик Гордон од Хјустон, Кајл Лаури од Торонто и Пол Џорџ од Оклахома.

Во финалето, Букер постави нов рекорд, погоди 28 поени, користејќи ја одлично серијата со шарени топки, кои се бројат по два поена, додека Томпсон броеше до 25. Во натпреварот во вештини, пак, најумешен беше Спенсер Динвиди од Бруклин.

Олстар-викендот во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес продолжува ноќеска, со централниот дел од програмата, натпреварот на ѕвездите. Тимот на Леброн Џејмс го сочинуваат уште и Кајри Ирвинг, Ентони Дејвис, Пол Џорџ и Кевин Дурент. Стеф Кари, пак, ќе игра заедно со Џејмс Харден, Џоел Ембид, Јанис Адетокумбо и Демар Дероузен. Тој меч почнува во 2.30 часот по полноќ.

Извор: sport1.mk

Би те интересирало и

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

  За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе ...