NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео) – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

NBA All-Star: Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Стеф Кари (видео)

67-от НБА ол стар меч заврши со победа на тимот кој го состави Леброн Џејмс од 148:145 над НБА ѕвездите кои ги собра Стеф Кари.

Ова издание на НБА ол-стар мечот беше поинакво од другите, Леброн Џејмс и Стеф Кари создадоа два тима кои играа еден против друг. Ваквиот концепт на мечот му даде и поголем натпреварувачки карактер поради ривалството на кошаркарите.
Но и овој натпревар изобилуваше со забава и атрактивни поени. Тимот на Кари водеше во најголемиот тек на мечот, но во интересна завршница победи екипата која ја состави Леброн.
Леброн Џејмс беше и најдобар на мечот со 29 поени, 10 скока и осум асистенции, втор стрелец во неговиот тим беше Кевин Дурент со 19 поени. Кари реализираше 11 поени, а најефикасен во неговиот тим беше Лилард со 21 кош.
 
Превземено од: МКД

Би те интересирало и

Леброн: Треба повеќе да работиме

Најдобриот кошаркар на Кливленд, Леброн Џејмс, не беше многу задоволен по првата победа на неговиот ...

Евролига: Будуќност мора да ги исполни условите како и сите други

  За да игра во елитната Евролига, кошаркарскиот шампион во АБА, тимот на Будуќност ќе ...