„Netflix“ вложува 8 милијарди долари во оригинални содржини

Нетфликс соопшти дека планира да инвестира осум милијарди долари за производство на сопствени содржини и со тоа ќе ја надмине конкуренцијата.

Минатата година Нетфликс инвестираше шест милијарди долари во сопствени содржини, со што од него повеќе троши само ЕСПН, односно 7,3 милијарди долари.

Седиштетото на Нетфликс се наоѓа во Лос Гатос, Калифорнија, а сервисот има 110 милиони корисници ширум светот. Во последните три месеци, бројот на корисници е зголемен за 4,5 милиони претплатници ширум светот, од кои 850.000 во САД.

Откако се мери дигиталната гледаност во САД, серијата „Наркос“ на Нетфликс е најгледана дигитална серија досега.

Сепак, нивниот успех се обидуваат да го надминат други компании и телевизиски мрежи преку создавање на сопствени апликации. Дизни ги повлекува своите содржини од Нетфликс со цел самостојно да ги емитува, а Фејсбук, Епл и Амазон исто така се заинтересирани за овој вид бизнис.

Епл инфомира дека ќе потроши една милијарда долари за сопствена содржина, а Фејсбук веќе направи опција „гледај“ на својата насловна страница.

Би те интересирало и

Евтин начин за белење на заби во домашни услови

Доколку сакате да ги избелите забите во домашни услови, одличен е методот со користење на ...

Евтин трик за двојно побрзо сушење на косата со фен

Иако многу фризери советуваат кога можете да го избегнувате сушењето на косата со фен, кога ...