Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар. Средствата собрани од преставите беа наменети за лекување на Ивица Стрезоски во Кина.

Досега се организирани повеќе хуманитарни настани за лекување на Стрезовски, но сумата од
18 000 евра потребна за лекување во Пекинг се’ уште не е собрана. Потребни се и дополнителни средства за престојот, превозот и други трошоци вклучувајќи и придружник кој треба да оди со Стрезоски во Кина, кој треба солидно да го познава англискиот јазик..

Стрезвски боледува од спиноцеребрална атаксија, која му го оневозможува нормалното движење. Докторите од Кина му ветиле дека ќе се движи како и сите други, ако дојде на лекување во Пекинг, и ако ја помине целата терапија со матични клетки.

Стрезоски уште еднаш апелира да му помогнат хуманите граѓани.

Сите кои сакаат можат да донираат по 100 денари, со само еден телефонски повик кон бројот 143 171 за корисниците на Т мобиле и 143 460 за корисниците на ВИП.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...