Pрестрелка во дискотека и неколку ранети

Неколку лица се ранети рано изутринава при престрелка во дискотека во јужниот германски град Конштанц, во близина на границата со Швајцарија.

Инцидентот се случил околу 4.30 часот, но полицијата засега не соопшти повеќе детали за настанот, освен дека учесниците во престрелката се приведени.

Германските медиуми јавија дека по инцидентот настанала паника во дискотеката, при што дел од гостите се обиделе да се сокријат во самиот објект, а дел избегале надвор.

Вденаш по настанот пред дискотеката пристигнале „значителни полициски сили“, вклучително и специјалци, а местото го надлетувал и хеликоптер.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Експлозијата во Њујорк обид за терористички напад, нема повредени освен бомбашот

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн. ...

Пожарот во Калифорнија голем колку Њујорк

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе Би-би-си. ...