Tрикови со кои ќе изгледате најубаво во костим за капење

После објавениот текст за тоа дека Не си ти дебела, лошо се сликаш само, донашата редакција стигаа безброј трикови за тоа како вие изгледате убаво во костим за капење кога се сликата на плажа, а затоа што сега е сезона за плажи, ви препорачуваме неколку трикови со кои ќе излгедате најубаво во костим за капење.

Исправете се

Ако се држите подгрбавено и склопчено, автоматски ќе изгледате пониски, нозете и рацете ќе ви делуваат пократки отколку што навистина се, а и целата силуета може да ви биде искривена.

Ставете ги рацете на колковите

Прекрстете ги рацете во лактовите и ставете ги на колковите – како да се лутите и викате на некого. Припазете и на положбата на дланките. Доколку со рацете цврсто ја стиснете половината, а прстите ги приближите што е можно повеќе, визуелно ќе го стесните струкот во значителна мера, постигнувајќи ефект на песочен часовник.

Испакнете ја вилицата

Ако го потенцирате долниот дел од лицето, автоматски вратот ќе ви изгледа подолго, потенко и поубаво (а со тоа и целата фигура), додека лицето ќе ви се затегне.

Сликајте се од полупрофил

Сте забележале ли дека повеќето ѕвезди на црвениот килим, им позираат на фотографите така што првин ќе им го свртат грбот, а потоа ќе се завртат кон објективот во полупрофил? Во таква поза, мнозинството излегува најдобро на фотографиите, затоа што силуетата на телото поприма совршен изглед, особено ако едната нога ја држите испружена, а другата лежерно ја свиткате во коленото.

Жабја перспектива

Нека личноста која ве слика пополека се спушти и направи фотографира одоздола. На тој начин, добивате сосема нова перспектива – нозете ви изгледаат подолги од што навистина се, а градите како да им пркосат на законите на гравитацијата.

Би те интересирало и

Модната класика се враќа на голема врата

Неопходното парче облека кое нема намера да се симне од модниот трон е старата и ...

Тренди боја која одговара на секоја жена

Актуелниот микс на црвена и портокалова боја кој ги диктираат светските модни писти, си резервираше ...