Градоначалници – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тагови: Градоначалници

Општина Крива Паланка денес беше домаќин на градоначалникот на Босилеград

Општина Крива Паланка денес беше домаќин на градоначалникот на Босилеград, Република Србија. Двајцата колеги расправале за заеднички настап за европски средства како и заживување на културната соработка меѓу двата града. Заживување на граничниот премин Голеш и можност за преминување само со лична карта за жителите на Крива Паланка и Босилеград, ...

Повеќе »

Градоначалниците и функционерите на ракомет во Хрватска, кој ги плаќа трошоците – непознато

Наместо на работните места, повеќе видни функционери и градоначалници деновите ги минуваат во Хрватска на ракометни натпревари. На социјланите мрежи тие се пофалија со фотографии, а граѓаните преку коментари негодуваа како сите во исто време се во Хрватска, но исто така прашуваа и со чии пари се платени овие патувања. ...

Повеќе »

Констатирани оставките на пратениците кои станаа градоначалници

Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати. Петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите се Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Нивните пратенички места, ...

Повеќе »

Кој кандидат за Општина Тетово ќе го поддржат македонските политички партии

Од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово на прес конференција соопштија дека во вториот круг од локалните избори ќе го поддржат тој кандидат за Општина Тетово, кој ќе ја подржи програмата на ВМРО ДПМНЕ изработена за Општина Тетово. Горан Манојлоски од ВМРО ДПМНЕ, кој беше кандидат за градоначалник за Тетово ...

Повеќе »

Мадрид ќе даде на суд 700 каталонски градоначалници

Шпанскиот државен обвинител им испрати судски покани на повеќе од 700 градоначалници во Каталонија кои го поддржуваат референдумот за независност бидејќи Мадрид сака да ја блокира сепаратистичката иницијатива што ја смета за нелегална. Ако не одговорат на поканата, полицијата може да ги уапси, соопшти обвинителот во писмото доставено до локалните ...

Повеќе »

Се собираат потписи за 48 независни листи за советници и 27 градоначалници, рокот е до полноќ

До полноќ во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК се собираат потписи за независни кандидати за советници и за градоначалници за претстојните Локални избори 2017. Според прегледот по општини на ДИК, граѓаните даваат потписи за 48 независни листи за советници и за 27 кандидати за градоначалници. Некои од нив, како што ...

Повеќе »

Се разгорува политичката сцена во Кавадарци: Многу кандидати за градоначалници, а само една општина

Полека се издвојуваат кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори. Политичката сцена во Кавадарци деновиве гори, а се очекува наскоро да завршат сите дилеми и да се објават кандидатите за градоначалници на политичките партии. Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека засега најголеми шанси за кандидат за градоначалник на Кавадарци, има сопственикот ...

Повеќе »

Кој ќе ја бие битката за градоначалничката фотелја во Неготино, многу кандидати и од двата политички табора

Иако пред кратко време се распишаа локалните избори, сепак партиите кај нас многу од поодамна се влезени во кампања. За кандидати за први луѓе на општината кружат многу имиња а растат и апетитите за места во локалните совети. Партиски активисти на терен прават анкети, колку и дали сте задоволни од ...

Повеќе »

Собранието денеска ќе го укине екстерното и ќе го продолжи мандатот на градоначалниците

Измени на Изборниот законик и измени на три закони од образованието ќе бидеат разгледувани на денешната седница на Собранието. Измени на Изборниот законик и измени на три закони од образованието ќе бидеат разгледувани на денешната седница на Собранието. Пратениците денеска ќе треба да изберат и претседатели, заменици на претседателите, членови ...

Повеќе »

Инспекторат за Л.С – Според Законот градоначалниците се со технички мандат до крајот на годината

Мандатот на советниците по општините завршил уште на 24 март датумот кога и се одржаа последните локални избори. Градончалниците според Законот за локална самоуправа завршува до крајот на календарската година – тврди Ванчо Шехтански, директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа, како надлежна државна институција која ја следи законитоста на ...

Повеќе »

Истече мандатот на локалните власти

Градоначалниците на општините во Македонија од денеска ќе работат без мандат. Новите локалните избори требаше да се одржат во првата половина на мај, но поради тоа што не беше избран претседател на Собранието, истекоа сите рокови за нивно распишување во предвидениот термин. Од Заедницата на единиците на локалната самоуправа вчера ...

Повеќе »

Кривични пријави против пет поранешни градоначалници

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и Долнени, како и против едно физичко и едно правно лице. Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основи ...

Повеќе »

Македонија од денеска останува без градоначалници

Денеска им стекува мандатот на градоначалниците и на советниците во општините, а локални избори сè уште не се распишани. Претставници на парламентарните партии за денеска предвидено е да се координираат за определување датум за локалните избори. Доколку на координацијата политичките претставници се согласат за датум за одржување на локалните избори, може ...

Повеќе »

Уставниот суд наредната недела ќе одлучува за мандатот на градоначалниците и за земјоделските субвенции

Уставниот суд на Република Македонија на следната седница што ќе се одржи в среда на 10 мај ќе ги разгледува иницијативите за укинување на два члена од Законот за локална самоуправа и од Изборниот закон со што ќе се овозможи градоначалниците и советниците да останат на своите функции до одржувањето ...

Повеќе »

Градоначалник по партиска директива или сепак и независно бива?

Неколку градоначалници во изјави за „Ноќен експрес“ на Канал 77 признаваат дека не по своја иницијатива дошле до градоначалничката функција. „Градоначалник повеќе од премиер“ беше темата на која дебатиравме во четвртото издание на емисијата која е дел од мултимедијалната платформа Радиовизија. Од директори до инспектори, лекари, фармацевти па и актери – ...

Повеќе »