култура – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тагови: култура

„Турандот“ на Мајските оперски вечери

Првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова ќе настапи во насловната улога на „Турандот“ која вечер од 20 часот ќе биде изведена во Македонската опера и балет во рамки на 46. Мајски оперски вечери. Режијата, костимографијата и сценографијата се на Џанкарло дел Монако од Италија, од каде што гостува и диригентот на ...

Повеќе »

Мултимедијална изложба на Гордана Винчиќ

„Лего со моето его“  е насловот на изложбата на Гордана Винчиќ, која вечерва од 20 часот ќе биде отворена во галеријата Ко-Ра во Домот на културата „Кочо Рацин“. Станува збор за ретроспектива на творештвото на авторката во изминатите четири години. Според Винчиќ, наведува дека овој дел од нејзиниот опус е ...

Повеќе »

Изложба на дела од Влахо Буковац, основоположник на хрватската модерна уметност

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на музеите, Националната галерија на Македонија вечер од 20 часот во Мала станица ќе ја отвори изложбата „Влахо Буковац – ремек-дела од ризницата на Националната галерија на Македонија“. Покрај Буковац, на изложбата ќе бидат претставени и дела од опусот на други  хрватски автори ...

Повеќе »

Музеј галеријата Кавадарци со изложба на уметнички дела од познати автори го одбележува Меѓународниот ден на музеите

Музеј галеријата Кавадарци со изложба на уметнички дела од познати автори го одбележува 18 мај – Меѓународниот ден на музеите. Со различни манифестации и активности се одбележува Меѓународниот ден на музеите 18 мај,каде Кавадарци традиционално се вклучува во оваа прослава. По тој повод,дела од бројни уметници во земјава се изложени ...

Повеќе »

Алаѓозовски: Кој и да биде министер, реформската агенда на Министерството ќе продолжи

Без разлика кој и да биде следен министер, тоа ќе бидат политики на континуитет, постои реформска агенда на Владата, која е донесена консензуално, националната стратегија е донесена со учество на целата културна фела, независниот сектор, институционалниот сектор, така што ние нема да дозволиме периодот кој што претстои да значи упорување ...

Повеќе »

„Ќе се вратам некој ден“ – нова песна на Александра Јанева (Видео)

Поп-пејачката Александра Јанева го објави својот нов сингл „Ќе се вратам некој ден“. Автор на музиката е Панче Касапски, а аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев. Текстот на песната го напишаа Панче Касапски и Огнен Неделковски. Песната и видео-записот беа премиерно поставени на официјалниот YouTube канал на Јанева. „Со ...

Повеќе »

Денеска и утре Скопски цветен фестивал во Градски парк

Денеска и утре во Градскиот парк во Скопје  под мотото „Во боите на виножитото” се одржува петтиот Скопски цветен фестивал. Настанот е под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП “Паркови и зеленило”. – Фестивалот ќе започне на 12 мај со цветно дефиле од фонтаната Лотосов цвет во ...

Повеќе »

Триесет и третиот „Фолк фест Валндово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај

Во две фестивалски вечери на 24 и 25 мај  во Валандово ќе се одржи 33 издание на фестивалот„Фолк фест Валандово“. Министерот за култура,  Роберт Алаѓозовски на денешната прес-конференција истакна дека „Фолк фест – Валандово“ е значајна манифестација за македонската народна музика, на која во нејзините најдобри времиња се презентирале песни ...

Повеќе »

Fierce и Сашо Поповски Трио на џез вечерта на СОФ 2018

Еден од најспецифичните настани на Струмица ОПЕН фестивал низ годините, е вечерта посветена на џез музиката. Годинава на 12 август од 22:00 часот на сцената кај Чешмичката ќе настапат бендовите Сашо Поповски Трио и Fierce. Првиот бенд е триото предводено од Сашо Поповски кој е џез музичар од четвртата генерација ...

Повеќе »

Прилепскиот театар вечерва со првата годинашна премиера „Пиреј“ од Петре М. Андреевски

Вечерва од 20 часот на својата матична сцена прилепскиот народен театар  „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе претставата „Пиреј“ според романот на Петре М. Андреевски а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Антологискиот роман на Андреевски на сцената се поставува по 37 години од праизведбата во Битолскиот народен театар веднаш по излегувањетоод печат. ...

Повеќе »

Музејот на олдтајмери во Неготино доби дрвена количка за бебиња од времето на Југославија

Музејот на олдтајмери на пензионираниот професор, Дионис Пашлаков од Неготино деновиве е збогатен за уште еден експонат. Станува збор за старо превозно средство за најмладите, дрвена количка за бебе, подарок од битолчанецот Филип Радивчев. Пашлаков е пресреќен од овој, за него, скапоцен подарок и вели дека станува збор за редок ...

Повеќе »

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на манифестацијата. Според пропозициите во конкурсот, право да се пријават имаат поетите од Македонија и од балканските земји, кои ќе се натпреваруваат во две категории, до 18 години и над 18 години. Заинтересираните поети може да ...

Повеќе »

Во Бабино ќе биде одбележан Светскиот ден на книгата

Светскиот ден на книгата и авторското право денеска ќе биде одбележан во демирхисарското село Бабино. Оваа година, одбележувањето на Денот на книгата се совпаѓа и со Европската година на културното наследство, а Демир Хисар е прогласен за град на културата за 2018. Во програмскиот концепт на манифестацијата предвиден е долг ...

Повеќе »

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе бидат отстраните од музејските институции и од сувенирниците – ова го најави ресорниот министер, Роберт Алаѓозовски псочувајќи дека ваквата акција ќе биде добро обмислена. За проектот „Скопје 2014“ вели дека претставува вирус и за спомениците ...

Повеќе »

Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера

Театар Комедија вечерва ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална актерска кариера на Магдалена Ризова. Со оваа претстава  театарот ја почна соработката со Ризова минатата година, од кога е и идејата таа да има постојан ангажман во овој ансамбл. Во богатиот 25-годишен опус на Ризова ...

Повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ  бара директорот на АМС, Дарко Каевски да си поднесе оставка. Тој сепак денеска го одбегна ова прашање, но повторно нагласи дека чувствува морална одговорност. „Недоличните творби промовираат сексизам и шовинизам, шират говор на омраза и примитивизам. Бледите обиди да се избегне одговорност не можат да го спасат Каевски. Согласно ...

Повеќе »

Новоформирана комисија ќе го испитува случајот со спорната Збирка поезија

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски го актуелизира случајот со издавањето Збирка поезија со спорна содржина. Овојпат, тој на прес конференција соопшти дека ќе се формира комисија што ќе утврдува одговорност кај членовите на комисијата што ја правела селекцијата на песните од младите поети. Тој и денеска, ...

Повеќе »

Јавна расправа: Досегашниот модел за музичка продукција во МРТ беше погрешен и злоупотребуван

Досегашниот модел за музичка продукција во Македонската радиотелевизија покажа грешки и беше злоупотребуван за купување политичка послушност на уметниците – велат од Министерството за култура. Од овој ресор, најавуваат рестартирање на музичката продукција со цел создавање нови, крупни дела кои ќе ја промовираат македонската култура и на меѓународен план. Досегашниот ...

Повеќе »

„Не сега, драга“ – премиера на Театар Комедија за Меѓународниот ден на театарот

Со премиерната изведба на претставата „Не сега, драга“ од Реј Куни,  Театар Комедија утревечер ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот 27- ми март, но и својот шести роденден. За првпат режирана пред 25 години во Драмскиот театар, а репризана 250 пати, претставата „Не сега, драга“ вечерва ќе ја има ...

Повеќе »

Алаѓозовски за трошоците за угостителски услуги: Административните службеници направиле превид

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски негира дека потрошил околу 9000 евра за угостителски услуги. Тој вели дека дошло до недоразбирање, откако административните службеници направиле превид, па не ги издвоиле неговите лични трошци со кумулираните трошоци на целото Министерство. И покрај административниот пропуст, Алаѓозовски денеска не пропушти да им порача на ...

Повеќе »