Тагови: НБРМ

НБРМ: Банкарската актива зголемена, кредитното портфолио влошено

Ликвидноста на банкарскиот сектор во вториот квартал од годинава е на задоволително ниво. Вкупната актива е зголемена за 0,6 проценти, а депозитите минимално се зголемени на квартална основа. Забележан е побрз раст на денарските во споредба со девизните депозити на домаќинствата што е сигнал за постепено враќање на довербата и обновување ...

Повеќе »

НБРМ: Раст на потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските

Кредитирањето во јули годинава бележи раст од 0,3 проценти, кое се должи на зголеменото кредитирање на домаќинствата. Кај корпоративното кредитирање е забележано намалување. Податоците на Народната банка на Република Македонија покажуваат дека кредитите на домаќинствата имаат месечен раст од 0,8 отсто, а 9,8 отсто на годишно ниво, при што најголем ...

Повеќе »

НБРМ: БДП стагнира наспроти очекувањата за умерено зголемување

Наспроти очекувањата за умерен економски пораст во априлскиот циклус на проекции, домашниот бруто-производ (БДП) стагнира, велат од Народната банка. Надолен ефект врз БДП имал послабиот пораст на личната потрошувачка од очекуваниот, како и негативниот придонес на нето-извозот кон порастот наспроти очекувањата за негов позитивен придонес во првиот квартал од годината. „Од друга ...

Повеќе »

Богов ја предлага Анита Ангеловска-Бежоска за вицегувернер

Анита Ангеловска-Бежоска да биде вицегувернер на Народната банка на Република Македонија (НБРМ), предлага гувернерот Димитар Богов. Богов, како што соопшти попладнево НБРМ, ваквиот предлог денеска го доставил до Собранието на Република Македонија. – Анита Ангеловска-Бежоска е најсоодветен кандидат за местото вицегувернер на Народната банка на Република Македонија, со исклучителна професионална кариера. ...

Повеќе »

Народната банка ќе потроши 550 илјади евра за печатење монети од 2 денари

Ковани пари со апоенска вредност од 2 денари со проценета вредност без ДДВ од 34.000.000 денари или 550 000 евра нарача Народната банка на Македонија. На Бирото за јавни набавки објавен е оглас за прибирање понуди. Критериум за доделување на набавката е најниската цена, а времетрањето на договорот е најниската цена ...

Повеќе »

НБРМ ја намали проекцијата за пораст на БДП од 3,5 на 2,5 отсто

Народната банка на Република Македонија во априлската проекција прогнозира раст од 2,5 проценти на македонската економија за годинава по што би следело забрзување на 3,2 процента во 2018 година – информира денеска на прес конференција гувернерот на НБРМ, Димитар Богов. НБРМ има непроменети очекувања за нивото на инфлацијата споредено со ...

Повеќе »

НБРМ: Ризиците од политичкaта криза присутни, економските основи позитивни

Народната банка на Република Македонија оценува дека стабилноста на економските основи остануваат позитивни и остварувањата кај клучните варијабли на монетарната политика се во рамки на очекувањата, како и тоа дека ризиците од домашните политички случувања и натаму се присутни и изразени. – И покрај политичката криза, очекувањата на економските субјекти ...

Повеќе »

Меѓународна конференција на НБРМ во чест на 25-годишниот јубилеј

Народната банка на Република Македонија денеска во Скопје ја организира Шестата меѓународна истражувачка конференција насловена  „Централното банкарство во услови на продолжена глобална неизвесност: Најновите лекции додека се бара новата нормала. Годинава новина е тоа што конференцијата се организира во рамки на заедничкиот настан со Лондонската школа за економија и нивната ...

Повеќе »

Картичките најмногу се користат на банкомат, помалку во трговијата

Најголема вредност на безготовинските трансакции или 99 отсто се остварени преку кредитните трансфери, а остатокот со платежни картички – наведува Народната банка на Република Македонија во објавената публикација на својата интернет страница „Инфомација за движењата во платниот промет во 2016 година“. Ваквата структура на безготовинските трансакции, според НБРМ, соодветствува со ...

Повеќе »

НБРМ воведува електронско банкарство

Народната банка на Република Македонија воведува електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи. Целта на ваквата услуга е да ги зголеми квалитетот и ефикасноста на услугите, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции – велат од ...

Повеќе »

НБРМ продаде благајнички записи во вредност од 22 милијарди денари

Народната банка денеска на аукција продаде благајнички записи во износ од 22 милијарди денари. Рокот на доспевање е 35 дена, а на аукцијата е применет тендерот со ограничен износ и непроменети услови. Каматната стапка за овие записи изнесува од 4 отсто.

Повеќе »

Нова кована пара со ликот на Свети Никола Чудотворец

Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек нова кованaтa парa за колекционерски цели „Свети Никола Чудотворец“. На аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од ...

Повеќе »

Промоција на две публикации во НБРМ

Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи промоција на публикациите „Библиографијата за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 – 2016“ и „Научната мисла во НБРМ:1992-2015 (преглед на научни трудови)“. Промоцијата на публикациите е по повод одбележувањето на јубилејот 70 години централнобанкарски активности во Македонија.

Повеќе »

НБРМ: Намалена побарувачката на девизи од физички лица

Намалена е побарувачката за девизи од физички лица, по евидентираниот висок и невообичен раст во последната недела од минатиот месец – информира Народната банка на Република Македонија. По преземените мерки од страна на Народната банка, обезбедување на потребна девизна ликвидност преку интервенции на девизниот пазар и зголемување на основната каматна ...

Повеќе »

НБРМ: Продолжувањето на кризата ќе го намали растот на економија

Продолжувањето на политичката криза до крајот на годината ќе го намали растот на македонската економија од предвидените 3,5 на 1,6 проценти. Ќе се намали и потрошувачката, како и инвестициите, ќе дојде до забавена кредитна активност, помал извоз и намалување на девизните резерви. Ова го предвидува алтернативното сценарио на Народната банка ...

Повеќе »

Народната банка на Република Македонија одбележува 70 години јубилеј

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) годинава со низа манифестации и случувања ќе одбележи својот седумдесетти роденден. Одбележувањето на јубилејот ќе се одвива во текот на целата година, под мотото „Запознајте ја централната банка“, со цел да ја приближи Народната банка до пошироката јавност и да ја унапреди информираноста на ...

Повеќе »