Тагови: русија

Трамп: Односите со Русија се опасни, а јас не сум виновен за тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека односите со Русија се на најопасната и најниска точка во историјата“, но во свој стил Трамп се огради од одговорност. Тој на „Твитер“ објави дека луѓето за таквата ситуација треба да му се заблагодарат на Конгресот. „На истите тие што не можат да ни ...

Повеќе »

Медведев: Новите санкции ги поткопаа надежите за подобри односи меѓу Русија и САД

Администрацијата на Трамп демонстрира целосна слабост откако извршната власт ја предаде во рацете на Конгресот на најдеградирачки начин, напиша Медведев на Фејсбук. Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се воведуваат нови санкции кон Русија, става крај на надежите за подобрување ...

Повеќе »

САД со портал за следење на руската пропаганда

Америкаската  невладина организација “Сојуз за заштита на демократијата”, која е делумно финансирана од страна на германскиот Маршалов фонд во САД, лансираше нов интернет портал со цел да се следи “руската пропаганда”.  Меѓу другите вести што се следат  во листата руските медиуми, се и  телевизијата Раша тудеј (RT)  и агенцијата Спутник, ...

Повеќе »

Тилерсон: Му реков на Путин дека ќе ни се влошат односите

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека го предупредил рускиот претседател Владимир Путин дека односите меѓу двете земји се лоши и дека ќе бидат уште полоши. Тоа му го реков на Путин уште во март и повеќепати на министерот Сергеј Лавров, рече Тилерсон пред новинарите во амеиканскиот Стејт Департмент, нагалсувајќи ...

Повеќе »

Уапсени седум лица за подготвување напади во Русија

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси седум лица од Централна Азија, осомничени дека подготвувале напади во Санкт Петербург. Според истрагата, Азијците од седумчлената група подготвувале терористички акции на железнички станици во реонот на Санкт Петербург и на места каде има поголема фрекфенција на луѓе. За нивните активности се води ...

Повеќе »

Започнуваат големите воени вежби на Црното море – Американците пристигнаа, Русите бесни

САД започнуваат големи поморски воени вежби во близина на украинскиот брег на Црното море на кои што ќе учествуваат 16 земји, повеќе од 30 воени бродови и неколку илјади војници. Неколку американски воени бродови со околу 800 војници, пристигнаа на просторот на Црното море каде ќе учествуваат на 12 дена ...

Повеќе »

Руските бомбардери нападнале цели на ИД со најмодерни ракети

Руските бомбардери во напад на позициите на Исламската држава (ИД) во Сирија користеле модерни ракети „X-101“. Во нападот биле погодени магацини и командниот центар на терористите од ИД. Руските бомбардери „Ту-95МС“ нападите ги извршиле на границата помеѓу провинциите Хама и Хомс, се наведува во соопштението на руската војска кое го ...

Повеќе »

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Лидерите на земјите членки на Европска унија (ЕУ) ги продолжија санкциите кон Русија на уште шест месеци поради непочитувањето на договорот од Минск, соопшти претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. „Постигнавме договор. ЕУ ќе ги продолжи санкциите кон Русија“, напишал Туск на Твитер. Откако лидерите на земјите членки на ЕУ ...

Повеќе »

Најлудиот спинер на светот

Играчката со име „спинер“ по која полуде светот, зема уште поголем замав. Додека едни се скептични во врска со спинерите, други велат дека има терапевтско дејство, посебно кај децата кои важат за хиперактивни. Третите, се оние кои ја користат моменталната слава на производот за да презентираат луда идеја која е ...

Повеќе »

Вучиќ: Србија никогаш нема да се придружи кон антируските санкции

Србија има за цел да ги задржи пријателските односи со Русија и никогаш нема да се придружи кон антируските санкции – изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за националната телевизија РТС. Тој како цел на српската надворешна политика го посочи и подобрувањето на односите со Кина: „Ние одиме ...

Повеќе »

Струмичката „Мурлин Мурло“ на фестивал во Русија

Театарската претстава „Мурлин Мурло“ од Николај Кољада, во режија на Ана Батева, на театарот „Антон Панов“ од Струмица, е поканета да гостува на Меѓународниот театарски фестивал „Кољада-plays“ во Екатерингбург, Русија. „Мурлин Мурло“ беше премиерно изведена во јуни 2016 година. Во камерната драма настапуваат Стојан Велков-Трн, Оливера Аризанова, Васил Михаил и ...

Повеќе »

Амбасадорката на Светското во Русија го засени Путин

Руските медиуми пишуваат дека Путин бил засенет од згодната манекенка, Русинката Викторија Лопирева, која се појави на стадионот во Санкт Петерсбург и го отвори Купот на конфедерации. Како и на секој мундијал така и на овој заштитно лице е манекенка, а овогодишна амбасадорка е Русинката Викторија Лопирева. Пред неколку денови ...

Повеќе »

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија поради Крим

Европскиот совет соопшти дека „рестриктивните мерки како одговор на илегалната анексија на Крим и Севастопол“ ќе бидат продолжени до 23 јуни 2018 година. Санкциите се однесуваат на лица и компании со седишта во ЕУ, вклучувајќи ја и забраната за увоз на стока од Крим, инвестиции на Крим, туристички услуги и ...

Повеќе »

„Њујорк тајмс“: Странска сила презела агресивен сајбер напад против САД

Странска сила презела агресивен сајбер напад против САД, интервенирајќи во претседателските избори во 2016 година и оставајќи ги сите знаци дека ќе се врати за уште, но претседателот Трамп се чини не му е гајле, пишува во уредувачката статија весникот „Њујорк Тајмс“. Ако не заради истрагата за евентуални тајни врски ...

Повеќе »

Американците префрлаат ракетни лансери во Сирија, Русите се плашат дека нивна цел се владините војници

Соединетите Американски Држави префрлиле повеќецевни ракетни лансери со долг дострел ХИМАРС од Јордан во базата Ат Танф во Сирија, потврди руското министерство за одбрана. Во соопштението на руското министерство се додава дека тоа оружје сега може да се користи против сириските владини сили. Руската војска соопшти дека борбениот дострел на ...

Повеќе »

САД се загрижени поради рускиот хуманитарен центар во Ниш

САД ги загрижува изградбата на рускиот хуманитарен центар во Србија и барањето на Русија за потенцијален специјален статус за вработените во Центарот, изјави  американскиот помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји. Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, вели дека „постојат добри причини за загриженост” поради рускиот хуманитарен ...

Повеќе »

Во живо: Путин одговара на 2 милиони прашања на народот

„Директната линија со Владимир Путин” оваа година е петнаесетта по ред откако постои форматот. Првата се одржа на 24 декември 2001 година. За време на директната линија рускиот претседател одговара на прашања не само за социјалната сфера, политиката и економијата туку и од личен карактер. На пример, во 2015 година ...

Повеќе »

„Вашингтон пост“: Истрага против Трамп лично

Американскиот претседател Доналд Трамп се нашол и лично во визирот на специјалниот иследник за аферата со Русија, пишува „Вашингтон пост“. Истрагата претставува драматичен пресврт во аферата со Русија.Специјалниот обвинител Роберт Милер, според весникот „Вашингтон пост“, ги проверува обвинувањата против претседателот Доналд Трамп дека во аферата со Русија се обидел да ...

Повеќе »

Навални осуден на 30-дневна затворска казна

Рускиот опозициски лидер Александар Навални доцна синоќа е осуден на 30 дена затвор поради повикот на демонстрации, кои ги забранија руските власти, напиша на Твитер неговата портпаролка Кира Јармич. Таа додаде дека во цела Русија се приведени околу 1.500 луѓе. Навални, кој важи за еден од најголемите критичари на рускиот ...

Повеќе »

Соработничка на НСА сакала да ја запали Белата куќа?

Американското обвинителство соопшти дека за време на апсењето на соработничката на Агенцијата за национална безбедност (НСА) обвинета за оддавање податоци, кај неа била пронајдена порака дека сака да ја запали Белата куќа. Осомничената Ријалити Винер се товари дека оддавала строго доверливи извештаи за мешање на Русија во изборите на сајтот ...

Повеќе »
Close