Тагови: свет

Палестинска ракета наместо во Израел заврши на Газа

Ракета истрелана врз Израел од Појасот Газа погоди станбена зграда во тој палестински регион –  изјави неименуван израелски претставник. Тоа е 16 ракета истрелана врз јужен Израел откако американскиот претседател Доналд Трамп пред десет дена соопшти дека го признава Ерусалим како главен град на Израел. Тоа воедно е и најголем ...

Повеќе »

Во лавина во Иран загинаа осуммина алпинисти

Иранските државни медиуми денеска објавија дека осум алпинисти загинале во лавина, а деветтиот се смета за исчезнат. Новинската агенција ИРНА соопшти дека тие биле дел од 15-члениот тим и се обиделе да стигнат до засолниште во четвртокот, кога лавината паднала на планината Ошторанкух, во југозападниот дел на земјата. Ошторанкух е еден ...

Повеќе »

Украинската полиција го уапси Михаил Саакашвили

Полицијата во Киев доцна синоќа го уапси поранешниот грузиски претседател и актуелен лидер на украинското опозициско Движење на новите сили, Михаил Саакашвили – соопшти јавниот обвинител на Украина, Јуриј Луценко. Во објава на својот профил на Фејсбук, Луценко наведува дека Саакашвили „се наоѓа во изолација“, додавајќи дека безбедносните сили при ...

Повеќе »

Уапсени осум осомничени за убиството на малтешката новинарка, Дафне Галиција

Малтешката полиција уапсила осум осомничени за убиството на новинарката, Дафне Каруана Галиција – соопшти премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Апсењата се извршени речиси два месеци откако новинарката беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил. Сите уапсени се државјани на Малта и повеќето имаат криминално досие, изјави Мускат без да ...

Повеќе »

ОН побара рекордни 22,5 милијарди долари за хуманитарна помош за 2018 година

ОН упати повик за прибирање парични средства за хуманитарна помош за 2018 година, и побара рекордни 22,5 милијарди долари за потребите на 91 милион луѓе, главно погодени од војните во Африка и на Блискиот Исток. „Во 2018 година, повеќе луѓе од кога и да е ќе имаат потреба од нашата ...

Повеќе »

Одземена акредитацијата на Руската телевизија за известување од американскиот Конгрес

На руската телевизија РТ, која е под контрола на Кремљ, а во САД е принудена да се регистрира како „странски агент“, одземена и е акредитацијата за известување од американскиот Конгрес во Вашингтон. Одборот новинари кој одлучува за доделување акредитации за Конгресот соопшти дека акредитацијата за РТ е поништена со едногласна ...

Повеќе »

Норвешка: Воз уби 17 ирваси

Воз во Норвешка налетал на стадо ирваси, по што 17 од нив загинале. Во изминатите денови во слични несреќи, настрадале повеќе од 100 ирваси. Тор Брекан од железничката фирма „Бане НОР“ изјавил за медиумите дека најновиот судар со животните се случил на 20 километри од местото каде во саботата воз ...

Повеќе »

До 2100 година морето ќе проголта 14 илјади американски историски споменици

Речиси 14 илјади археолошки наоѓалишта и историски споменици во САД би можеле да бидат „проголтани“ до крајот на векот поради зголемување на нивото на морето, предизвикано од климатските промени – предупредија група научници во студија, објавена во Плос Уан (PLoS ONE). Податоците укажуваат дека секое десетто археолошко наоѓалиште во девет ...

Повеќе »

Германец возел 56 години без возачка дозвола

Германец на возраст од 74 години бил казнет, откако полицијата утврдила дека тој возел автомобил без дозвола дури 56 години. Полицијата случајно дознала за него откако се случила сообраќајка во центарот на Нехајм што ја предизвикала жена на 34 години удирајќи во возилото на човекот без дозвола. Полицијата останала во ...

Повеќе »

Индиската полиција со помош на слонови протерува илегални доселеници од шумите

Индиската полиција презеде невообичаен чекор користејќи слоновите во обид да протера повеќе од стотина луѓе кои илегално живеат во шумите што се заштитени со законот на далечниот североисток на Индија. Полицијата денеска употреби булдужери и слонови за да ги протера илегалните жители на шумските предели, кои одговорија со фрлање камења. ...

Повеќе »

Над 70 лица уапсени по вчерашните безредија во Брисел

Полицијата во белгискиот главен град Брисел уапси над 70 лица по вчерашните безредија кои избија во вечерните часови. Немирите почнаа како собир организиран од локален рапер на плоштадот Монае, но при распоредувањето на полицајците околу демонстрантите, почнала општа тепачка. Демонстрантите почнале да ги ограбуваат луксузните продавници во центарот на Брисел. ...

Повеќе »

Продолжуваат исламистичките протести во Исламабад, најмалку шест убиени досега

Во судирите меѓу пакистанската полиција и исламистичката група кои избија вчера, досега се убиени најмалку шест лица, а над 125 се ранети – јави новинската агенција ДПА. Неколкуилјадната група приврзаници на исламистичката партија Техрик и Лабаик Ја Расул Алах се уште го контролираат нивниот протестен камп, кој пред неколку недели ...

Повеќе »

Почнуваат парламентарните избори во Непал

Северните области на хималајската држава Непал денеска гласаат на делумните парламентарни и регионални избори, кои се одржуваат под засилено полициско присуство поради серијата бомбашки напади во пресрет на гласањето. Импровизирана бомба вчера експлодираше пред куќата на поранешниот премиер и актуелен опозициски активист Шарма Оли, а полицијата превентивно уапси 500 припадници ...

Повеќе »

Вулкан на Бали вторпат за една недела исфрли пепел

По вторпат за една недела проработи вулканот на индонезискиот туристички остров Бали, соопштија од властите и кажаа дека нивото на предупредување останува непроменето, бидејќи ерупцијата е мала. Столбот на пепелот на вулканот на планината Агунг пораснал до 1.500 метри во висина, а портпаролот на агенцијата Сутопо Пурво Нугрохо кажа дека ...

Повеќе »

ЕУ: Насилството врз жените е едно од најтешките кршења на човековите права

По повод 25 ноември, Меѓународниот ден против насилството врз жените, Европската Унија потенцираше дека ова претставува едно од најтешките кршења на човековите права во светот. „Ние уште еднаш истакнуваме дека насилството мора да престане. Ќе продолжиме неуморно да работиме со сите свои инструменти кои ги имаме на располагање за да се ...

Повеќе »

Трамп: „Тајм“ ми понуди повторно да бидам личност на годината, ги одбив

Американскиот претседател, Доналд Трамп преку Твитер објави дека бил контактиран од магазинот Тајм за да биде именуван за личност на годинината. – Ме контактираа од магазинот Тајм за да ми кажат дека ќе бидам избран за личност на годината, исто како и минатата година. Но дека ќе треба да прифатам ...

Повеќе »

Првите авиони со храна пристигнаа во Јемен откако Саудиска Арабија го укина ембаргото

Четири авиони со хуманитарна помош денеска пристигнаа во Сана, главниот град на Јемен – јави новинската агенција ДПА. Ова е првата пратка хуманитарна помош за Јемен испорачана откако Саудиска Арабија и нивните сојузници во регионот воведоа ембарго врз Јемен на 5 ноември. Ембаргото беше воведено откако шиитската бунтовничка група Хути ...

Повеќе »

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на плоштадот Свети Петар во Ватикан спроти престојните празници. Дрвото високо 21 метар е поставено со помош на кран, а на седми декември со свеченост ќе биде украсено и осветлено. Дрвото е старо 60 години, а ...

Повеќе »

Поранешниот премиер на Зимбабве, Цвангираи се врати во земјата

10 Морган Цвангираи, Поранешниот премиер на Зимбабве и еден од главните опоненти на претседателот, Роберт Мугабе се вратил во државата, – јави Скај њуз. Според медиумот, тој бил во авионот што летал кон Хараре, а со него биле и двајца министри. Цвангираи во октомври замина на медицински прегледи во Јужноафриканската ...

Повеќе »

Кинезите преку интернет трошат милијарди долари за Денот на самците

Кинезите денеска, по повод Денот на самците, ќе потрошат милијарди долари купувајќи преку интернет разновидни артикли, од пелени до дијаманти. Продажбата започна на полноќ, а најголемата кинеска компанија за интернет трговија Алибаба соопшти дека заработката преку нивната страница надминала 19 милијарди долари во првите 12 часа од празникот. Денот на ...

Повеќе »