Тагови: хроника

По гаснење пожар на Криволак, почина професионален војник на АРМ

Синоќа во Здравствениот дом во Неготино починал триесет и петгодишниот професионален војник О.Х откако претходно со свои колеги учествувал во гаснење пожар на армискиот полигон Криволак, кој избувнал по извршено планско гаѓање од страна на единица на АРМ. – По завршување на интервенцијата, професионалниот војник најпрвин пријавил дека не се чувствува ...

Повеќе »

Четири години затвор за напаѓачот на Шекеринска

Панче Ангелов, кој ја нападна Радмила Шекеринска за време на насилствата во Собранието на РМ на 27 април, денеска доби четири години казна затвор од скопскиот Кривичен суд. Ангелов на рочиштето што се одржа минатата недела изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт: ...

Повеќе »

Полицијата спречи обид за самоубиство во Охрид

Четворица службеници од СВР – Охрид денеска спречија жена да скокне од петти кат на зграда на булеварот „Туристичка“. Четворица полицајци интервенирале по дојава на жител на Охрид, кој го пријавил случајот на полицијата како обид за самоубиство. Акцијата за спасување на жената траелa речиси цел час, во зграда во ...

Повеќе »

Исчезна маж од Скопје

Вчеравечер дваесети тригодишниот скопјанец, Г.М. пријавил во полиција дека е исчезнат неговиот татко. Се работи за педесет и четиригодишен маж со иницијали В.М.. Според пријавата, тој вчера во 06.00 часот  излегол од дома, оддалечувајќи се во непознат правец. МВР информира дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Повеќе »

Неуспешен обид за бегство на притвореник од прилепскиот затвор

Триесет и деветгодишен притвореник од прилепскиот затвор синоќа при излез од Градската болница во Прилеп, каде бил на лекарска интервенција, им побегнал на тројца затворски чувари но по неколку часа е пронајден и повторно е приведен во затворот. Лицето, кое инаку е од Прилеп и неофицијално живеело во зградите во ...

Повеќе »

Мртов радовишанец пронајден во автомобил кај Неготино

Вчера претпладне на регионалниот пат Р1-103 кај крстосницата 20-ти км-Неготино, пронајден е излетан надвор од патот педесет и петгодишниот  Т.К. од Радовиш, кој управувал патничко моторно возило „Форд Мондео“, со штипски регистарски ознаки. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип, по наредба на ...

Повеќе »

Ден на жалост во Делчево по трагедијата во која загина цело семејство

Општина Делчево го прогласи 11 -ти октомври за ден на жалост по трагедијата во која вчера загина тричлено семејство, пренесува Фокус. Според полицијата, автомобилот на загинатите директно се судрил со камион натоварен со дрва. „Во несреќата на лице место загинале триесет и двегодишниот ДД кој го управувал возилото, неговата пет ...

Повеќе »

Гостивар: Три лица повредени во тепачка во училиште

Две лица се здобиле со тешки повреди во тепачка, која вчера избила меѓу две групи во кругот на Средното економско училиште во Гостивар. Се работи за малолетни лица од Врапчиште кои се хоспитализирани на скопските клиники. Едниот се здобил со повреди  околу белите дробови, во кои влегло воздух и има крв. ...

Повеќе »

Полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори

Изминатите 24 часа полицијата регистрирала три инциденти поврзани со претстојните локални избори – информира денеска МВР. Првиот инцидент е регистриран синоќа во село Арачиново, додека активисти на политичката партија „БЕСА“ лепеле плакати непознато лице од автомобил  испукало еден куршум во воздух од огнено оружје, по што заминало во непознат правец. ...

Повеќе »

Србинка фатена на скопски аеродром со два куршума

С.М. (1991) од Република Србија вчера напладне е приведена откако при пасошка контрола на аеродромот „Александар Велики“ во нејзниот рачен багаж се пронајдени два куршума со калибар 7,62 милиметра – соопшти полицијата. Во разговор со надлежните, С.М. која живее во Бугарија, изјавила дека не знаела за куршумите и оти се ...

Повеќе »

Три лица, меѓу кои и бремена жена загинаа во сообраќајка кај Лежа

Три млади лица од едно семејство загинаа во одрон на патниот правец Торовица-Малецај кај албанскиот град Лежа. Според полициското соопштение, во несреќата загинале браќата Едмонд(31) и Валентин(29) и сопругата на Едмонд, Аида Зефи(21), која била бремена. Жртвите се од селото Рабоште, а патувале со автомобил кон Торовица за да присуствуваат ...

Повеќе »

Обид за силување во политички штаб во Требеништа

Во политички штаб во село Требеништа, општина Дебрца вчеравечер имало обид за силување – соопшти МВР. Според нивните информации, лицето К.П. од село Требеништа вчера околу 20:40 часот пријавила дека лицето Ф.П.М. се обидело да изврши полов напад врз неа во просториите на штаб на политичка партија во село Требеништа, ...

Повеќе »

Минесота: Живеел во куќа со покојната мајка и братот

Маж кој во Минесота живеел година дена во куќа со телата на покојната мајка и братот близнак, тврди дека немал храброст да ја пријави нивната смрт. Роберт Џејмс Кефлер изјавил за АП дека бил „истрауматизиран“ и запрашал: „А што би направиле вие?“ Полицијата наведува дека Кефлер е обвинет минатата недела ...

Повеќе »

Исчезна струмичанка

Триесет и петгодишшниот струмичанец О.М завчера во полициска станица пријавил дека е исчезната неговата сестра. Се работи за триесет и деветгодишна жена со иницијали Ж.М. МВР денеска соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на лицето.

Повеќе »

Полициски службеници нападнати во Скопје

  Пет лица на возраст од 17 до 46 години нападнале двајца полициски сужбеници на бул. „Трета  Македонска Бригада“, кај поранешна амбуланта „Пролет“ во Скопје. До нападот дошло по пристигнувањето на полициските службеници, кои биле испратени на местото по претходно пријавено нарушување на јавен ред и мир, од страна на лица кои ...

Повеќе »

Тешко повреден пешак во сообраќајна незгода во Велес

Сообраќајна незгода се случила вчера напладне на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес – соопшти денеска МВР. Имено, товарно возило „Фургон Фиат Добло-Карго“ со велешки регистарски ознаки, управувано од триесет и осумгодишниот Р. Д. удрило во шеесет и тригодишниот пешак  Ј. Ј., и двајцата од Велес. По незгодата пешакот е пренесен во ...

Повеќе »

Сообраќајна незгода во Битола: Мотоциклист се бори за живот

Две лица од кои едно тешко се повредени во сообраќајна незгода, која вчеравечер се случила на улицата „Македонска Фаланга“ во Битола. До незгодата дошло при судир на патничко возило „Цитроен Берлинго“ со битолски регистарски ознаки управувано од четириесет и двегодишниот О.С. и  моторцикл „Јамаха МТ 01“ со битолски регистарски ознаки, ...

Повеќе »

Калајџиев за „Монструм“: Нема сомневања дека случајот треба да се врати на повторно судење

Кога Обвинителството би имало сомневања, не би можел никој да пратам на доживотна робија ако сум судија – вака универзитетскиот професор, Гордан Калајџиев одговори денеска на новинарско прашање како го коментира барањето на Обвинителството да се укинат пресудите за доживотен затвор на обвинетите во случајот „Монструм“. „Кога Обвинителството не стои ...

Повеќе »

За само два дена три случаи на семејно насилство во полошко

Жител на Тетово го нападнал неговиот 51 – годишен брат и неговата снаа, кои живееле во заеднички дом. Напаѓачот прво побарал пари од неговиот брат и му се заканил дека ќе го убие. И на двајцата им рекол веднаш да ја напуштат куќата, по што со дрвен стап го удрил ...

Повеќе »

Кривичен ги потврди приведувањата за злоупотреби со субвенции

Вршителот на должност, претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, Стојанче Рибарев, за „судство.мк“ официјално потврди дека има приведени лица,кои во моментов се пред судија за претходна постапка. Тој не можеше да потврди дали станува збор за  сомневања за злоупотребана службена положба и овластување, односно за сторени злоупотреби со земјоделски субвенции. ...

Повеќе »