Агенцијата за пасишта тврди дека патиштата кои ги гради во Лешница нема да го нарушат екосистемот

Патиштата кои ги градиме во месноста Лешница на Шар Планина, имаат за цел да им овозможат пристап на фармерите до нивните бачила, и во никој случај нема да го нарушат биодиверзитетот во овој предел, затоа што патиштата се со вкупна должина од 5 километри и истите ќе бида земјени.

Ова е ставот на Агенцијата за пасишта, откако Платформата Пријателите на Шара остро ја осудијата изградбата на патиштата, со кои според нив ќе се уништи екосистемот во Лешница.

Директорот на Агенцијата за пасишта Лулзим Шабани, вели дека и за двата патни правиц кои се градат во Лешница на потегот од Долна до Горна Лешница и од Долна Лешница до Џини Бег, имаат добиено дозвола од Владата на Македонија

Шабани додаде дека Агенцијата за пасишта со отворањето на патиштата, ќе ја развие овчарската гранка во Македонија.

Од Платформата Пријателите на Шара, реагираа дека со изградба на патишта, уништена е природата во најживописниот предел на Шара. Според нив, вакви патишта е недозволиво да има на Лешница, месност кое во идниот Национален парк Шар Планина, треба да биде најзаштитен.

Додади коментар

Би те интересирало и

Со силна експлозија во Штип уништена авионската бомба

Успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна која пред речиси еден месец беше ...

Средба на Заев со Бакир Изетбеговиќ и Младен Иваниќ

На денешната посета на Босна и Херцеговина, премиерот Зоран Заев се сретна и со Бакир ...

Close