Адора Инженеринг ги носи најсреќните купувачи на егзотичен одмор на Куба

Адора инженеринг по повод петнаесетгодишниот роденден на компанијата, најсреќните купувачи ги носи на незаборавен одмор на Куба, една од најпосакуваните туристички дестинации во светот.

Сите купувачи на стан или деловен простор во објектите Адора Flatiron Скопје и Адора Diamond Garden кои од 14-ти јули до крајот на септември ќе склучат претдоговор за купопродажба и ќе уплатат 30 % од вкупната цена на недвижниот имот, учествуваат во наградната игра „Адора Ве носи на егзотичен одмор на Куба”. Најсреќниот купувач кој ќе биде извлечен на 30-ти септември, добива  наградно патување на Куба за двајца, што ќе се реализира од 1-ви до 13-ти ноември годинава, со авио превоз од Скопје, хотелско сместување во ексклузивниот туристички центар Варадеро, со полна пансионска услуга и можност за интересни екскурзии.

Целта на градежниот бренд познат по бројните изненадувања за купувачите е да им ја збогати среќата од новиот дом со одмор на најпопуларниот Карипски остров. Куба е позната по белите песочни плажи, тиркизното море, рајските острови,  бурната историја, салсата и темпераментната музика, олдајмерите. Најсреќните купувачи во Адора ова лето, 2017-та ќе ја помнат по новиот квалитетен, безбеден, економичен дом и по егзотичното, далечно патување на Куба. Оваа награда е уште едно изненадување годинава за довербата што купувачите ѝ ја дават на Адора инженеринг, по доделениот дијамантски прстен, Винскиот викенд и наградата автомобил Мазда CX-3 што на крајот од 2017-та ќе ја добие најсреќниот купувач на стан или деловен простор во објектот Адора Flatiron Скопје.

Додади коментар

Би те интересирало и

Грујовски и Бошковски не се уште во притвор, полицијата вчера не ги нашла дома

Полицијата синоќа не ги нашла во своите домови поранешниот началник во Управата за безбедност и ...

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Close