Албанските политички партии утре ќе имаат средба во Собрание

Албанските политички партии утре во 14 часот во Собрание ќе одржат средба на покана на Весел Мемеди од НДП. Движењето Беса и ДПА сè уште немаат официјално одговорено на поканата.

„Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесенa на 7 јануари оваа година и обврските што произлегуваат за одржување на редовни состаноци на тркалезна маса на албанските парламентарни партии за заеднички да го наблудуваат текот на имплементацијата на декларацијата, имам чест да ве повикам на следниот состанок на претседателите на парламентарните албански партии, која ќе се одржи во просториите на Собранието на Република Македонија во 14 часот“, се вели во соопштението.

На претходната средба, одржана на 28 јуни во хотелот „Александар палас“, првпат присуствуваше и ДПА, а Беса ја одби поканата.

По средбата, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека повеќето барања на албанските политички партии се вклучени во владината програма.

– Ги споредивме програмите на албанските политички партии и констатиравме дека дел од тие програмски определби веќе се вклучени во програмата на новата влада. Останува вo иднина овие средби да продолжат да се одржуваат – изјави Али Ахмети.

Извор: Мета

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close