Алекс дизајн на Саем за мебел: Дизајн кој Ве фокусира на вистинските вредности

Дизајн кој Ве фокусира на вистинските вредности – ова е мотото кон кое веќе 17 години фирмата Алекс Дизајн се придржува во своето работење. Оваа фирма за мебел, чиј салон се наоѓа во Радишани, деновиве со атрактивен штанд е претставена и на Меѓународниот саем за мебел во Скопје.

И покрај тоа што на штандот деновиве може да се забелжат многу заинтересирани купувачи, раководителката на салонот, Гордана Павловиќ успеа да одвои кратко време за екипата на Канал 77.

Раководителката на изложбениот салон, гордана Павловиќ

„Нудиме голем асортиман на мебел по пристапни цени, кој за време на саемските денови може да се купи со попуст. Мебелот е функционален за секој пеостор, имаме преголем избор на бои“, изјави таа. Павловиќ при тоа вели дека тимот на Алекс Дизајн работи посветено и координирани, за да може да го оправда своето мото пред потрошувачите.

Додади коментар

Би те интересирало и

Костов: ГОБ „8 Септември“ оставена со долг од околу 5 милиони евра

Долгови на болницата од околу 5 милиони евра или 243 милиони денари кон разни фирми, ...

Гори депонијата во Тетово

Од утринава нешто по 8:30 часот гори депонијата на влезот во Тетово кај железничката пруга ...

Close