Алесио Черчи потпиша за новиот калчолигаш Верона

Поранешниот италијански репрезентативец Алесио Черчи е големо засилување за повратникот во Серија А, Верона. Откако му заврши договорот со Атлетико Мадрид, Черчи сам ја бираше својата иднина и се одлучи да ја прифати понудата на Верона – пренесува порталот Гол.

Тој потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона ако двете страни бидат задоволни. Черчи се надева дека ќе ја врати својата форма од периодот минат во Торино, каде во две сезони во тандем со Чиро Имобиле постигна 21 гол и подели 23 асистенции.

Верона се интересира за уште еден подзаборавен ветеран, Антонио Касано, кој исто така е слободен фудбалер по истекот на договорот со Сампдорија.

 

Извор: www.gol.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Голема победа на Вардар против Копенхаген, „црвено-црните“ на чекор до историја!

Вардар слави голем триумф над Копенхаген, „црвено-црните“ победија со 1-0, триумф без примен гол кој ...

Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски ...

Close