Американски војници учествуваат во офанзивата врз градот Рака

Американски воени советници учествуваат во офанзивата врз градот Рака, последниот бастион на групата Исламска држава во Сирија, соопшти портпарол на американската армија, цитиран од француските медиуми.

-Војниците ги придружуваат и советуваат борците на Сириските демократски сили. Тие не учествуваат во директни борби. Една од нивните задачи е да ги координираат воздушните напади, изјави полковник Рајан Дилан.

Американската армија е дискретна во однос на своето присуство во Сирија, но пред извесно време откри дека 500 војници од специјалните сили се на терен со задача да ги обучат и поддржат Сириските демократски сили, коалицијата од курдски и арапски борци.

Освен тоа, американските маринци со една артилериска батерија ја помагаат офанзивата врз Рака, што почна уште во ноември минатата година.

Преземено од: МИА

Додади коментар

Би те интересирало и

Преку 100 загинати во досегашните протести во Венецуела

Во Венецуела во тек е дводневен генерален штрајк на опозицијата. Првиот ден од новиот протест ...

Израел ги отстрани најновите безбедносни мерки кај светите места во Ерусалим

Израелските власти рано утринава ги отсранија и последните најнови мерки за безбедност што предизвикаа силен ...

Close